January 15, 2015

(Галерија) Враќање во иднината: Почнува најскапото и најгламурозното светско првенство во ракомет

Filed under: Наша тема — Tags: , , — @ 11:10 am

Од денеска па до 1 февруари во Катар ќе се одржи 24. Светско првенство во ракомет. Според моменталните проценки оваа првенство ќе биде едно од најкапите во историјата.

Катарците не штеделе. За цела организација тие потрошија над 200 милиони евра. Парите се трошени за шминкање на инфраструктурата, градење или реновирање на хотелите каде што ќе бидат сместени 24. репрезентации, како и изградбата на три нови сали во кои ќе се одигра целото првенство.

Салите кои ги направија организаторите ќе им овозможат на Катарците во наредните 12 месеци да бидат домаќини на 40 различни спортски настани.

Гордоста на Катар е „Лусаил Арена”, која ќе биде најголема на првенството и се наоѓа во новоизградениот град Лусаил. Изградена е специјално за овој Мундијал и има капацитет од 15.500 посетители, а беше отворена во ноември минатата година. Лусаил се наоѓа на 20 километри од Доха.

Во истиот град е планирано да се одржи отварањето и затворањето на фудбалското првенство во 2022 година.

Другите две сали се сместени во главниот град Доха. Втора по големина е „Али Бин Хамд Ал Атија Арена”, која има капацитет од 7.700 гледачи.

Најмалата арена на првенството е Духали, собира 5.500 посетители и е резервирана за настапите на катарската ракометна репрезентација.

На првенството ќе настапат 24 репрезентации, најмногу од Европа, 14. На првенството учествува и нашата репрезентација. Со среќа!

December 8, 2014

Македонските кошаркари на ЕП во групата со Хрватска, Словенија и Грција

Кошаркарската репрезентација на Македонија на Европското првенство (ЕП) 2015 ќе игра во Загреб во група со селекциите на Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и на Холандија, покажа денешната ждрепка.

Европско првенство следната година ќе се одржи во четири различни држави.

Пласман во следната фаза ќе обезбедат најдобрите четири селекции од групата, кои ќе продолжат во нокаут-фазата која ќе продолжи во францускиот град Лил.

РАСПОРЕДОТ НА ГРУПИТЕ 

Група А (Монпеље): Франција, Финска, БиХ, Полска, Израел, Русија.

Група Б (Берлин): Шпанија, Србија, Германија, Турција, Исланд, Италија.

Група Ц (Загреб): Хрватска, Словенија, Грција, Македонија, Грузија, Холандија.

Група Д (Рига): Литванија, Украина, Летонија, Белгија, Чешка, Естонија.

Извор: Спортмедиа

 

July 1, 2014

Светско првенство во секс. Кој e најиздржлив, а кој најзадоволен од сексуалниот живот?

Производителот на секс играчки, LELO, направи глобално истражување за тоа какви се во кревет жителите на земјите кои учествуваат на Светското првенство во фудбал.

Ги анализирале податоците од повеќе од 30 земји, вклучувајќи повеќе од 35.000 испитаници на возраст од 21-55 години.

На глобално ниво, околу 55% ​​од луѓето имале помеѓу 1 и 8 сексуални партнери, а  ”победата” оди кај Јапонците, бидејќи  речиси половина имале осум или помалку партнери.

26% од мажите во Швајцарија имале секс со 20 или повеќе партнери, 25% од Грците.

Англија и Грција се “означени” како земји каде што луѓето уживаат во добар сексуален живот. За разлика од нив, Чилеанците се најмалку задоволни.

Кога станува збор за издржливост, победата ја носат Бразилците, бидејќи една третина од нив уживаат во сексот кој во просек трае повеќе од 45 минути.

Французите се победници во категоријата неверство – 75% признале дека ги изневериле партнерите. Белгијците и Австралијанците најмалку ги изневерувале партнерите.

Истражувањето ја опфатило и категоријата колку глумат за време на сексот. Најголем дел од испитаниците признале дека имале барем еднаш глумење задоволство во кревет. На прво место се Колумбијците со високи 70 проценти, а по нив се Бразилците  и Чилеанците. Португалците иГрците најмалку глумат задоволство.

Во исто време, Бразилците со Италијанците и Грците за себе велат дека се вистинити уметници во сексот. Како професионалци се сметаат само 6% од Холанѓаните.

Добрата вест е дека 79% од светската популација е задоволна со својот сексуален живот, а Британците и Грците во оваа категорија се на врвот.

 

Powered by WordPress