January 16, 2015

Распоред на натпреварите на македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет во Катар

Filed under: спорт — Tags: , , — @ 10:39 am

Македонската машка ракометна репрезентација со дуелот против Тунис го започнува својот настап на Светското првенство во Катар.

За Македонија ова е четврто учество на Мундијалите. По дебито во Египет 1999 година и освоеното 18 место, следуваше пауза од 10 години. Во 2009 на СП во Хрватска токму оваа селекција го започна својот континуитет на големите натпреварувања, а на шампионатот го освои 11 место. Четири години подоцна (2013) нашата селекција на шампионатот во Шпанија заврши како 14-то рангирана.

На првенството во Катар, целта на македонските ракометари е пласман во четвртфиналето кое носи шанса преку дополнителни квалификации да се избори настап на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

За да се постигне посакуваното, избраниците на селекторот Ивица Обрван, најнапред ќе треба да бидат меѓу четирите првопласирани репрезентации во групата Б, во конкуренција со Тунис, Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.

Група Б
1.коло (петок – 16.01.) Македонија – Тунис од 15 часот
2.коло (сабота – 17.01.) Македонија – Иран од 17 часот
3.коло (понеделник – 19.01.) Македонија – БиХ од 17 часот
4.коло (среда – 20.01.) Македонија – Хрватска од 17 часот
5.коло (петок – 23.01.) Македонија – Австрија од 17 часот.

January 15, 2015

(Галерија) Враќање во иднината: Почнува најскапото и најгламурозното светско првенство во ракомет

Filed under: Наша тема — Tags: , , — @ 11:10 am

Од денеска па до 1 февруари во Катар ќе се одржи 24. Светско првенство во ракомет. Според моменталните проценки оваа првенство ќе биде едно од најкапите во историјата.

Катарците не штеделе. За цела организација тие потрошија над 200 милиони евра. Парите се трошени за шминкање на инфраструктурата, градење или реновирање на хотелите каде што ќе бидат сместени 24. репрезентации, како и изградбата на три нови сали во кои ќе се одигра целото првенство.

Салите кои ги направија организаторите ќе им овозможат на Катарците во наредните 12 месеци да бидат домаќини на 40 различни спортски настани.

Гордоста на Катар е „Лусаил Арена”, која ќе биде најголема на првенството и се наоѓа во новоизградениот град Лусаил. Изградена е специјално за овој Мундијал и има капацитет од 15.500 посетители, а беше отворена во ноември минатата година. Лусаил се наоѓа на 20 километри од Доха.

Во истиот град е планирано да се одржи отварањето и затворањето на фудбалското првенство во 2022 година.

Другите две сали се сместени во главниот град Доха. Втора по големина е „Али Бин Хамд Ал Атија Арена”, која има капацитет од 7.700 гледачи.

Најмалата арена на првенството е Духали, собира 5.500 посетители и е резервирана за настапите на катарската ракометна репрезентација.

На првенството ќе настапат 24 репрезентации, најмногу од Европа, 14. На првенството учествува и нашата репрезентација. Со среќа!

July 5, 2014

Кирил Лазаров: Важно е да се создаваат македонски играчи

Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација во интервју за веб порталот „Вистина.мк“ најави дека својата кариера ќе ја заврши во Македонија.

„Имам активен договор со Барселона и огромно обесштетување. Не сакам да зборувам пред време, ниту да ветувам. Ме води срцето секогаш. Кариерата ќе ја завршам во Македонија“, одговара Лазаров на прашањето дали Вардар или Металург би бил негов избор.

Лазаров во интервјуто се осврнува на актуелните состојби во македонскиот ракомет, ценејќи дека во Македонија има иднина, но дека треба многу повеќе да се работи на создавање на македонски играчи.

„Македонија има иднина. Затоа ми е поважно Вардар и Металург да создаваат играчи иако е добро да се размислува и за титула, но паралелни успеси се идеално решение. Што ако Кометал беше шампион, а сега не постои како клуб?! Кој ја презеде одговорноста за негово распаѓање, а во времето на титула сите беа најзаслужни. Како што Барса треба да научи од изгубеното полуфинале со Флензбург, така и Македонија треба да научи со случајот „Кометал“, изјави Лазаров.

Тој не ја исклучува и можноста по завршувањето на играчката кариера да се проба и како тренер.

Кирил Лазаров ќе ја предводи Македонија на уште еден голем спортски настан, Светското првенство во Катар на почетокот на 2015 година, откако со репрезентативните колеги во двата бараж дуела ја совладаа селекцијата на Грција. мс

June 30, 2014

Македонија ќе добие спортска академија за фудбал, кошарка, ракомет и тенис

Спортската академија во која средношколци се едуцираат за професионални спортисти и за идни членови на националните спортски репрезентации, од 2015/2016 година ќе биде ново државно средно училиште, соопшти министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Таа сега работи во составот на државното училиште за физичка култура во Скопје, каде што пред две години беа воведени експериментални паралелки за фудбал, кошарка, ракомет и тенис.

Поради голема заинтересираност на ученици и нивни родители за запишување во Спортската академија, по тие спортови од оваа година се отворени и дисперзирани паралелки во седум други општини низ Македонија.

Пред запишувањето, секој кандидат ќе мора да помине низ фазата на тестирање според критериумите дадени за секој спорт одделно. Проверката за секој спорт потоа ќе ја прават членовите на спортските федерации и претставници на Министерството.

June 18, 2014

Наш Кире дел од идеалната шпанска седморка

Ново големо признание доби македонскиот ракометен интернационалец и член на Барселона Кирил Лазаров. Тој е избран во најдобрата седморка на шпанската ракометна АСОБАЛ ЛИГА за сезоната 2013/2014.

Покрај македонскиот десен бек, Барселона во идеалниот тим дава уште четворица ракометари: босанскиот голман Даниел Шариќ, францускиот лев бек Никола Карабатиќ, шпанското десно крило Виктор Томас и данскиот кружен напаѓач Јеспер Нодесбо.

Другите двајца членови на олстар составот на лигата за минатата сезона се левото крило Хосе Марио Карилјо од Адемар Леон и средниот бек Алваро Руиз од Грањолерс.

Левиот бек на Барселона, Виран Морос е прогласен за најдобар дефанзивец во лигата.

Иако Барса ја освои титулата со максимални 30 победи, Хавиер Пасквал не го понесе признанието за најдобар тренер, туку Антонио Гарсија од Грањољерс, кој заврши трет во првенството.

 

June 16, 2014

Македонските ракометари обезбедија учество за Светското првенство во Катар

Македонија со втората победа на Грција од 35:23 обезбеди учество за Светското првенство за ракометари што ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2015 година во Катар.

Заедно со победата од 27:25 во првиот натпревар во Атина повеќе од доволно е за четврто учество на мундијалите по Египет 1999, Хрватска 2009 и Шпанија 2013.

May 26, 2014

Металург е новиот шампион на Македонија

Металург е новиот ракометен шампион на Македонија. Вчера вечерта во последното коло од националната супер лига во Битола, Металург го совлада Пелистер со 25:20 и обезбеди директен пласман во европската Лига на шампиони.

Натпреварот резултатски беше рамноправен само во првите 15 минути од средбата, кога „пелистерци“ водеа со 5:4 и 6:5, а потоа една од најдобрите ракометни екипи во Европа ја презеде иницијативата и првото полувреме го реши во своја корист со резултат 15:10. Во второто полувреме резултатската предност ја одржуваше најефикасниот играч на натпреварот, Ренато Вугринец кој постигна 11 голови и кој даде најголем придонес во конечниот резултат од 25:20 и победа за гостите од Скопје.

Битолската спортска јавност во спортската сала „Младост“ со аплауз го поздрави успехот и шампионската титула на Металург, а пехарот и медалите на шампионите им ги додели директорот на Агенцијата за спорт и млади, Марјан Спасевски.

Во пресрет на последниот натпревар од годинешната ракометна сезона, Ракометната федерација на Македонија на поранешниот ракометар од Битола Гоце Гроздановски-Моцартот, му додели посебно признание за неговиот 50-годишен активен ангажман и придонес во битолскиот и националниот ракомет.

May 4, 2014

Трето место за Вардар СЦБТ во Лигата на шампионите

Ракометарките на Вардар СЦБТ го освоија третото место сезонава во Лигата на шампионите откако во „малото финале“ на завршниот турнир во Будимпешта го победија данскиот Митјиланд со 34:31 (14:12). Попладнево во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта ракометарките на Вардар беа поуспешни од Митјиланд и во најголемиот дел од денешниот натпревар имаа водство.

На почетокот на дуелот беше нерешено – 3:3 во 7.минута, а потоа „вардарки’ направија серија од 5:1 за водство од 8:4 во 12 минута. Предноста „црвено-црните“ ракометарки ја задржаа во првото полувреме кое го завршија со предност од 14:12. Во овој дел од натпреварот Вардар СЦБТ имаше четири исклучувања, а голманот Ина Суслина имаше четири одбрани со играч помалку.

Во вториот дел данскот првак стигна до изедначување 16:16 (петто изедначување на антпреварот) во 35.минута, но Вардар СЦБТ врати со серија од 7:1 за највисоки +6 (23:17). Ова водство ракометарките на Индира Кастратовиќ го имаа и во 53.минута (29:23), а до крајот на дуелот Вардар СЦБТ имаше безбедна предност и стигна до победата и третото место.

Головите за Вардар СЦБТ ги постигнаа: Јулија Николиќ и Јованка Радичевиќ по 6 голови, Андреа Лекиќ 5, Татјана Хмирова 4, Сираба Дембеле 3, Алисон Пино, Ана Ѓокиќ, Бегоња Фернандез, Маја Зебиќ и Андреа Кликовац по 2. Ина Суслина натпреварот го заврши со 12 одбрани.

Најефикасна на натпреварот беше Комелија Грот со 11 голови.

Финалето меѓу Ѓер и Будуќност се игра со почеток во 17 часот.

May 2, 2014

Две ракометарки на Вардар во ол стар тимот

Ракометарките на Вардар СЦБТ Ана Ѓокиќ и Јованка Радичевиќ според гласовите на навивачите се најдоа во ол стар тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Анкетата ја спроведе ЕХФ и притоа Радичевиќ доби и најмногу гласови 10.886 или 59,3 отсто на нејзината позиција.

Три ракометарки во најдобрата „седморка“ има од европскиот првак Ѓер, а по две од Вардар СЦБТ и Будуќност.

Најдобрите седум ракометарки според позициите се: лево крило – Мајда Мехмедовиќ (Будуќност); лев бек – Едуарда Аморим (Ѓер); среден бек – Анита Горбич (Ѓер); десен бек – Катарина Булатовиќ (Ѓер), десно крило – Јованка Радичевиќ (Вардар СЦБТ); пивот – Ана Ѓокиќ (Вардар СЦБТ) и голман – Клара Волтеринг (Будуќност).

За најдобар дефанзивец е прогласена Сузана Лазовиќ од Будуќност.

April 4, 2014

Младите македонски ракометари ја совладаа Италија

Младинската ракометна репрезентација на Македонија постигна победа на стартот од квалификациската група за Европското првенство што ќе се одржи годинава во Австрија. Во салата во „СРЦ Кале“ во Скопје, Македонија ја победи Италија со 24:22 (14:13).

Првиот дел мина во изедначена игра на двете репрезентации, а ниту една немаше поголемо водство од еден гол разлика. На почетокот на второто полувреме нашите ракометари заиграа одлично и за 10-тина минути направија предност од пет разлика (20:15).

Најефикасен на дуелот беше Филип Талески со 9 голови, Мартин Манасков постигна 8, додека кај Италија Карло Сперти даде 8 голови.

На вториот натпревар од 1.коло Грција напрваи изненадување со победата над Исланд со 20:19. Утре во рамки на второто коло од 19 часот играат Македонија и Грција, додека од 16 часот на програма е натпреварот Исланд – Италија.

 

Постари вести »

Powered by WordPress