January 10, 2015

И во скопска Кисела Вода ќе се гради во барок

Filed under: локално — Tags: , , , — @ 1:22 pm

На местото на некогашната сапунара „Цветан Димов“, на влезот во скопската населба Кисела Вода, ќе се гради барокна станбена зграда со висина од дури 18 ката, пишува Билд.

Пред да започне изградбата на објектот, неговото фасадно обликување ќе мора да го одобри посебна Комисија формирана од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода.

Од барокниот архитектонски стил ќе зависи издавањето на одобрение за градење на објектот со максимална висина на венец од 57,5 метри.

Локалната самоуправа вчера ја продаде градежната парцела со површина од 4.403 метри квадратни, на која е предвидено да се издигне замисленото барокно здание.

Најповолниот понудувач за атрактивното земјиште ќе плати 29.570 денари од метар квадратен, односно за целата парцела е предвидено да одвои 130.196.710 денари или околу 2,1 милиони евра.

Извор/фото: Билд

 

 

 

Убиство и обид за самоубиство на покривот на Клиниката за детски болести во Скопје

Вистинска драма вчера вечер се одвиваше на покривот од Клиниката за детски болести во Скопје, откако по неколку часовни преговори полицијата спречи самоубиство.

Момче (22) од скопското село Петровец, се закануваше дека ќе скокне од зградата, откако најверојатно ја задавило својата девојка (31) на покривот од клиниката.

Од МВР велат дека имало обид за реанимација на девојката, но бил безуспешен, а на нејиното тело биле забележливи траги на насилство. Девојката исто така од село Петровец, била вработена како медицинска сестра во клиниката.

Според првичните непотврдени информации момчето заедно со неговата девојка првин започнале расправија на покривот на клиниката, по што осомничениот ја задавил.

 

January 8, 2015

Казнети неколку познати скопски кафулиња

Од вкупно контролирани 16 правни лица угостителски објекти, вчера во Скопје УЈП и Пазарната инспекција кај осум објекти констатирала неправилности, во шест угостителски објекти контролите не се извршени бидејќи биле затворени, а во два не биле евидентирани никакви неправилности.

Како што соопшти МВР, при контрола на СВР Скопје заедно со УЈП и ДПИ, во угостителските објекти на ДТУ „МАТО КАФЕ“ – подружница и ДЕЖАВУ лоциран на улицата „Кирил и Методиј“ при вчерашната контрола немало никакви неправилности.

Во кафе барот „МИСТЕР ЏЕК ДООЕЛ“ лоциран на булеварот „Партизанска“ при извршената контрола на пазарната инспекција било констатирано дека објектот не поседува нормативи за храна за што е издадена покана за денеска тие да бидат доставени на увид во ДПИ. Истото е констатирано и за “ДУТ Пицерија ЦИРИХ“ лоцирана на улицата „Џон Кенеди“.

Во угостителскиот објект на „МЕНАДА КОМПАНИ ДООЕЛ“- подружница БУГАТИ на улицата „Љубљанска“ при извршената контрола било констатирано нерегистрирање на готовински промет преку фискален апарат, за што е изречена глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност од кои 2.500 евра за правното лице, а 750 евра за одговорното лице во правното лице, како и Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена.

Во “ДТУ СИГНУС ТРЕЈД“ Скопје подружница СИТИПЛЕЈ биле затекнати физички лица кои што пушат, за што изречена е глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, а од страна на полицаец издадени се три платни налози и изречена е глоба на физички лица од по 150 евра во денарска противвредност за сторен прекршок согласно Законот за заштита од пушење.

Во ДПТУ „КОНСТРАКШН ИНВЕСТ ГРУП ДОО“ Куманово – подружница ЧАПТЕР-2 Сити Мол констатирано е пушење во објектот и изречена е глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, како и издадени се четири платни налози и изречена глоба на четири физички лица од по 150 евра во денарска противвредност заради пушење во објект.

Во ДУ „БО КОНЦЕПТ ДОО“ Скопје подружница Скопје Сити Мол било консатирано дека не поседува нормативи за вид и количина на храна што се послужува во објект, за што е изречена глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице.

Во Угостителски објект ДТ „ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ“ Скопје во ГТЦ на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ биле затекнати осум лица кои пушат во објектот, за што е изречена глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, а полицијата издала осум платни налози и изречена е глоба во износ од по 150 евра во денарска противвредност на осум физички лица кои што пушеле во објектот.

Во ДТУ „КАПИТОЛ ПЛЕЈ ДООЕЛ“ лоциран на булеварот „Јане Сандански“ констатирано е неиздавање на фискални сметки преку фискален апарат, за што изречена е глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице.

Објектите ГО-БА-1 на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ и ВЕНЕТО лоциран во Сити Мол, угостителските објекти „АРИСТОКРАТ“, „БРАВОС“, „ЧАО“, „СТАР ОКЕАН“ и „АВАНТИ“ при контролата биле затворени.

Во изминативе шест дена вкупно се контролирани 92 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 34 угостителски објект од страна на УЈП и ДПИ им беа изречени глоби во висина од околу 87.000 евра во денарска противредност, а исто така глоби согласно Законот за пушење (во висина од по 150 евра) им се изречени и на над дваесетина гости затекнати со цигари во објектите, спротивно на законските одредби.

На 14 објекти од страна на инспекциските служби им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, а во пет случаи изречена е забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.

МИА

Фото: МКД

Објавен огласот за издавање на Автобуската станица во Скопје

Градот Скопје објави меѓународен јавен оглас за давање под закуп на Автобуската станица–Скопје, што е сместена под Железничката станица (Транспортен центар). Давањето под закуп на Автобуската станица ќе се изврши по пат на усно јавно наддавање што ќе се одржи во просториите на Град Скопје на 30.03.2015 година во 10 часот, во бараката број 13 (Сала на Совет на Град Скопје).

Според условите на јавниот повик, основен критериум за избор ќе биде највисоката понудена закупнина, при што почетната цена за закуп не може да биде помала од 170 милиони денари, без вклучен ДДВ.

Автобуската станица – Скопје ќе се даде под закуп за временски период од 15 години како целосно функционален простор дефиниран со имотните листови.

Краен рок за доставување на документите за утврдување на способноста на учесниците за учество во постапката за усно јавно наддавање е 05.03.2015 година до 14 часот по локално време и се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Град Скопје (барака број 16), со седиште на булевар Илинден број 82, Скопје, Република Македонија.

Постапката за усно јавно наддавање ќе ја спроведе Комисија.

За потсетување, во оваа, 2015 година, се навршуваат 15 години откако Градот Скопје ја издаде под концесија Автобуската станица – Скопје, па поради истекување на договорот за закуп, се објавува јавен повик за избор на закупувач на автобуската за да се овозможи непречен транспорт на патници.

January 3, 2015

Војници на КФОР „лумпувале„ голи низ Скопје

Filed under: локално — Tags: , , , — @ 3:26 pm

Двајца припадници на данскиот контингент на КФОР од Косово се уапсени денеска на плоштадот Македонија во Скопје.

Полицијата извести дека војниците го нарушиле јавниот ред и мир.

Војниците биле поднапиени, се соблекле голи и избегале без да платат од локалот каде славеле.

За да не дојде до поголем проблем тие се приведени во станица.

За инцидентот е известена и нивната команда во Косово.

 

January 2, 2015

Прва во Македонија: Во Скопје ќе се гради улица на два ката

Filed under: локално — Tags: , , , — @ 7:57 pm

Оваа 2015 година Град Скопје планира да потроши нешто повеќе од една милијарда денари или 16,6 милиони евра во инфраструктурни проекти кои се очекува да ја подобрат живеачката на жителите во главниот град, пишува Вечер.

За изградба и реконструкција на улици, патишта, мостови, водоводна мрежа и атмосферска и фекална канализација 850 милиони денари градската власт планира да обезбеди 750.000.000 од приходи од уредување на градежно земјиште, а останатите 100.000.000 од приходи од легализација на дивоградби, пренесува Вечер.

Ова го содржи Предлог-програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Скопје за 2015 година, а која на усвојување пред градските советници се најде на вчерашната седница.

Најголем дел од парите, и тоа 818.448.000, ќе се потрошат во изградба и реконструкција на улици и патишта. Новитет за наредната година е најавата од градските власти за раскрсницата на две нивоа што се предвидува кај Бит-пазар, односно меѓу Судска палата и ТЦ-Мавровка и што ќе биде прва ваква во Македонија. За во 2015 година за оваа цел е предвидено само изработка на проектот кој ќе чини 3 милиони денари.

Исто така, друг покрупен проект е започнување на градежните работи за изградба на подземната сообраќајница Јужен булевар. Градот в година за потребите на оваа подземна сообраќајница планира да изгради две крстосници на Јужен булевар едната кај Св. Климент Охридски и другата кај бул. Кочо Рацин. За изградбата на двете крстосници ќе се потрошат 10 милиони денари.

Другите клучни зафати во делот на изградба и реконструкција на улици се: изградба на бул. АСНОМ во делот на Ќерамидница до новата сала; изградба на бул. АСНОМ од последна 5-ка кон куќите во Лисиче во прва фаза; изградба на улица Павел Шатев, ул. Тодор Александров; ул. Борис Сарафов; проширување на бул. Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант; проширување на ул. М.Т. Гологанов од Св. К.Охридски до Клуб на пратеници; реконструкција на дел од 16-та Македонска бригада, кружен тек; бул. Христијан Тодоровски Карпош до обиколница и проширување; реконструкција на бул. Јане Сандански.

За изградба и реконструкција на тротоари, плоштади и фонтани Град Скопје одвоил 304 милиони денари.

Исто така, в година ќе се доизгради и бул. Партизански одреди до Св. Петар и Павле; ќе се реконструира Гологанов и бул. Никола Карев (Пластичарската) каде што ќе се додаде четврта лента. Во план е и реконструкција на ул. Сарај; реконструкција на раскрсница бул. 8. Септември и ул. Скупи; Трета Македонска бригада прва и втора фаза со кружен тек; реконструкција на ул. Јордан Мијалков (Железничка); на ул. Свети Кирил и Методиј (Мито Х. Јасмин), реконструкција на ул. Маџари, на Цветан Димов, Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Борис Трајковски.

Извор/фото: Вечер

Времено укинати два воза до Битола и Кичево

Поради лошите временски услови и ниските температури од утре времено ќе бидат укинати возовите број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје – Кичево – Скопје.

Како што соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје, двата наведени воза нема да сообраќаат се додека не се стекнат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.

(Фото) Скопје: На 1. му се запалила кафаната, на 2 јануари кафулето

Filed under: македонија — Tags: , , , — @ 7:13 pm

За 24 часа на ист човек во Скопје најпрво му се запалила кафаната „Велчево меанче„, а потоа и кафулето „Кул“, во кое бил косопственик, лоцирано во скопскиот трговски центар „Бисер“.

Угостителските објекти се пеплосани, причинета е голема материјална штета, а и во двата случаеви нема повредени.

Увидот за причините за несреќите е во тек.

 

January 1, 2015

Првото родено бебе во Скопје е женско

Filed under: локално — Tags: , , — @ 10:53 am

На Клиниката за гинекологија во Скопје се роди и првото бебе во 2015 година – женско, родено една секунда по полноќ, тешко е 3,55 килограми и 51 сантиметри долго.

За мајката родена 1976 година и таткото ова е трето дете.

 

December 29, 2014

Донација за социјално загрозенисемејства од Стопанска банка- Скопје

Во пресрет на новогодишните празници, Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвениот крст на Македонија,  на денот на формирањето на Банката, 29ти декември, донираше пакети со храна и средства за хигиена на 250 социјално загрозените семејства во7 општини во Македонија и тоа: Скопје, Битола, Струмица, Валандово, Кочани, Гевгелија, Струга.

Со оваа донација, Банката во годината кога одбележува 70 години од своето постоење, ја продолжува својата стратегија да биде во континуитет поврзана со заедницата во која работи, потврдувајќи ја својатаопштествено одговорна улога.

Донацијата се состои од најнеопходни производи потребни за егзистенција на едно семејство, одбрани во координација со Црвениот Крст на Македонија, а кои ќе бидат дистрибуирани низ целата република, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови.

Стопанска банка АД – Скопје како финансиска институција со инкорпорирана корпоративна општествена одговорност во своето работење,континуирановложуваволокалнатазаедница, придонесувајќи кон создавање дух на солидарност, пријателство и соживот.

Како банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која стои зад најголемите инфраструктурни и индустриски проекти, и која е во тесна соработка со секое семејство во Македонија, Стопанска банка АД – Скопје и понатаму ќе продолжи да биде поврзана со заедницата во која работи, афирмирајќи го своето  мото „на ваша страна“ не само формално, туку и суштински.

Постари вести »

Powered by WordPress