January 8, 2015

Слаткаристика ќе одржи два концерти во Бугарија

Слаткаристика новата година ја започнува со солистички концерти во Бугарија. Рап-артистот со „Иноватива Груп“ го најавија првиот кој ќе се случи овој викенд на 10 јануари (сабота) во Банско, во дискотеката “Jack`s House“, а вториот, голем концерт на Слаткаристика во соседната држава е најавен на 20 Февруари (петок), во концертната сала на клубот „MixTape 5“ во Софија.

На двата концерти како специјален гостин е најавен еминентниот, и еден од најпознатите бугарски рап-артисти, член на групата „Upsurd“- Ицо Хазарта.

Слаткаристика пред неполни 2 месеци го промовираше видео записот за новата песна „Бумеранг“ кое беше реализирано од бугарската продукција „Facing The Sun“, во копродукција со Иноватива Груп. Истиот резултираше со големазаинтересираност и број на прегледи на YouTube, a Слаткаристика влезе во групата на „One Shot“ видео-едицијата како единствен странец до сега.

Нашиот рап-артист со сигурност е баран и слушан од бугарската публика, а како резултат се двата реализирани концерти и давата кои треба да се случат.Тој, за неполна година ќе заокружи два концерти во Софија, еден во Созопол и еден во Банско.

September 5, 2014

(Фото) Првиот човек на „Оне“ го прифати ледениот предизвик

Генералниот извршен директор на „ONE“,  Цирил Кафол го прифати предизвикот на директорот на АЕК, Роберт Орданоски и се прудружи на хуманитарната акција со која светската АЛС асоцијација се обидува да ја подигне свеста за оваа болест.

Тој ги предзвика заштитните лица на ONE: Каролина Гочева, Слаткаристика и Аделина Тахири.

August 28, 2014

(Фото) Весела свадба: Слаткар и Сања направија свадба со трубачи

Марко Слаткаристика и манекенката Сања Николиќ  го кажаа судбоносното Да.

Веселбата беше во еден скопски ресторан, а меѓу гостите имаше и голем број  естрадни личности од Македонија.

Атмосферата беше надополнета и со трубачи.

 

May 15, 2014

Слаткаристика и Ферус со заеднички сингл, „Дими џам“

Хипхоп-артистот Слаткаристика и кралот на саксофонот Ферус Мустафов снимија заедничка песна, насловена како „Дими џам“.

На песната гостува и Тајзи, а музиката и аранжманот се работени во студиото „Јованови“.

Песната со видеозапис ќе се промовира на почетокот на јуни.

Оваа песна е најава за новиот, трет соло-албум на Слаткар на кој забрзано работи. По неговите настапи во Бугарија и турнејата во Австралија, од неговата продукција најавуваат уште неколку негови целовечерни концерти во нашата држава и во странство.

Powered by WordPress