May 17, 2014

Нема отстапување од изградбата на ски-центарот на Водно

Нов сообраќаен режим за возилата на Водно во деновите на викендот. Реализација на долниот крак на жичницата на потег од црквата „Св. Јован“ во Капиштец до Средно Водно,пишува Скопјеинфо. Продолжување на досегашната забрана за сообраќај до врвот. Бесплатен паркинг за индивидуалните возила кај НИП „Нова Македонија“ и воспоставување нова автобуска линија од таму до Средно Водно.

Ова се ветувањата кои градоначалникот Коце Трајановски им ги дал на неформалната граѓанска иницијатива „Спас за Водно“, со цел да се намали загадувањето на градските бели дробови. Претставници на иницијативата во средата првпат се сретнаа со градскиот татко и му предадоа 5.600 собрани потписи од граѓани против урбанизацијата и сечата на Водно. Според претставниците на „Спас за Водно“, Трајановски не отстапил од изградбата на ски-центарот, проект кој треба да го продолжи ЕЛЕМ.

Трајановски дал уверување дека со ски-патеката, довршувањето на жичницата, кулата на АЕК и патот, како и со изградбата на Сончев град, за кој тврдел дека се наоѓа надвор од границите на парк-шумата „Водно“, завршуваат сите урбанистички проекти на Водно.

February 9, 2014

Втор марш за спас на Водно

Неформалната иницијатива на група граѓани на град Скопје „Спас за водно“ денеска (9 февруари) ќе одржи втор протестен марш под мотото „Да го спасиме Водно“.

Маршот ќе започне во 10 часот од пред основното училиште „Кочо Рацин”, од каде што учесниците пеш или со велосипед ќе се упатат кон врвот на Водно, каде што ќе се одржи собир на кој ќе биде упатен проглас до надлежните органи во кој, како што е најавено, ќе биде побарано да се престане со урбанизацијата на Водно.

v

„Спас за Водно” ги повикува граѓаните „да се придружат на маршот и да го изразат своето незадоволство од засиленото уништување на парк-шумата Водно, интензивните градежни активности на неколку пункта на падините на Водно,како и од најавите за реализација на нови проекти со кои ќе се изврши натамошно деградирање на природната средина на планината”.

 

Powered by WordPress