January 15, 2015

Тамара со реакција за „злобните“ коментари за разголените фотографии за Пелистерка

Filed under: забава — Tags: , , — @ 12:01 pm

Пејачката Тамара беше една од трите девојки, односно заедно со Маријана Станојковска и Аделина Тахири се најде на новогодишниот календар на Пелистерка. За нејзините прилично провокативни и разголени фотографии се слушнаа различни коментари. Едни ја бранеа и и честитаа за храброста, други ја напаѓаа за изгледот.

Таа, во нејзин стил, постирајќи една од разголените фотографии, на Фејсбук напиша.

„Уште една фотографија на др.Чедо Поповски за календарот на Пелистерка. Бирајте од која „фотошопирана“ града ќе ми грицнете.“

January 2, 2015

(Видео) Како се правеше најсекси календарот на Пелистерка

Filed under: забава — Tags: , , — @ 10:08 am

Марјана, Аделина и Тамара во видео варијанта од календарот на Пелистерка за 2015 година.

Еве како фотографот Чедо Поповски се справуваше со облините на македонските убавици. Видеото ОВДЕ.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

(Галерија) Календарот на Пелистерка: Македонска убавина

 

December 24, 2014

(Галерија) Календарот на Пелистерка: Македонска убавина

Македонската компанија за вода и безалкохолни пијалоци, Пелистерка, и официјално го промовираше петтиот, традиционален календар како симбиоза на убавите жени од Македонија и бенефитите на водата. Сензуалноста на водителката Маријана Станојковска и пеачките Аделина Тахири и Тамара Тодевска, се доминантни на страниците на најпосакуваниот календар во државата.

Фотографиите се снимени во базата на компанијата Пелистерка, во Битола, која е најсовременот и најсофистицираниот комплекс за безбедно полнење и пакување на вода со европски сертификати. Девојките, женствено провокативни, се контратежа за некои од најгрубите фабрички погони.

 

 

December 23, 2014

(Фото) Пристигна новиот календар на Пелистерка: Тамара топлес

Традиционално, по пети пат компанијата “Пелистерка„ го презентира календарот кој на провокативен начин ги истакнува бенефитите на водата и ја слави македонската убавина.

Календарот за 2015 година го красат фотографиите на Тамара Тодевска, Аделина Тахири и Марјана Станојковска.

Прва која сподели фотографија со своите фанови беше поп-пејачката Тамара.

November 28, 2014

(Фото) Велешани ја наполнија салата за Тамара

Велешани уште еднаш ја покажаа својата хуманост. На вчерашниот хуманитарен концерт ја наполнија спортската сала Гемиџии. Над илјада и петстотини граѓани и дадоа поддршка на Тамара во битката да ја победи болеста и нормално да го живее своето детство, пренесува порталот Дума.

Највесела и најразиграна беше токму таа.

Играше и пееше со пејачите кои безрезервно се одзваа на поканата да бидат дел од концертот, но нејзината радост кулминираше кога на сцената го здогледа омилениот пејач Даниел Кајмаковски.

Полната сала во Гемиџии ги задоволи и очекувањата на организаторите на концертот кои за кратко време успеаја професионално да го организираат настанот. Најавија дека дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Тамара, а дел ќе бидат донирани во детското одделение во општата болница во Велес.

„По консултација со семејството Димовски и со општинските власти одлучивме дел од средствата да бидат донирани во детското одделение во болницата, бидејќи министерството веќе најави дека ќе ги покрие трошоците за операцијата на Тамара во странство,“ рече организатор на концертот, Пеце Ацев.

На деветгодишната Тамара и претстои долг пат во лекувањето во странство. Таа боледува од сколиоза, извиткување на р’бетот до 80 проценти што предизвикува притискање и на останатите органи. Операцијата во странство чини триесет илјади евра.

Извор/фото: Дума

November 27, 2014

Велес: Хуманитарен концерт за Тамара

Хуманитарен концерт ќе се одржи вечерва во спортската сала „Гемиџии“ во Велес на кој ќе бидат собрани средства за лекувањето на малата Тамара.

Ќе настапат групите Виртуз и Соната, балетското студио „Анабела“, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Александар Тарабунов, Ренната, Виктор Апостоловски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Наде Талевска, Роберт Билбилов и Нина Јанева.

Собраните средства ќе бидат уплатени на „Фондот за Тамара“.

November 26, 2014

Награди за сите на МАРС: Тамара го има апсолутниот хит на годината

„Тажна љубов, среќна песна“, песната со која Тамара Тодевска настапи на овогодинешниот „Макфест“, е прогласена за апсолутен радиски хит за 2014 година на седмиот по ред фестивал МАРС (Македонска радиска селекција).

Покрај бронзената статуетка таа доби и парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.

Истата песна беше наградена и во категоријата најдобар текст, а авторот на текстот Игор Џамбазов, добива парична награда од 10.000 денари.

За Радиски хит според публиката беше прогласена „Мандарина“ на Влатко Лозаноски. И Лозано доби бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт, како и парична награда од 30.000 денари.

За идол на нацијата беше прогласен Даниел Кајмакоски, а ѕвезди од сосетството годинава беа Нина Бадриќ и Бојан Маровиќ.

Останатите награди заминаа во рацете на Биба Додева за баладата „Врати се“, Сара Мејс за најдобар радиски женски вокал, а Димитар Андоновски за машки. „Нокаут“ победи во категоријата група, откритие на годината – „Бета хаус“, а за нивните песни статуетка добија и Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Тајзи.

Фото: Вистина.мк

November 13, 2014

Кајмакоски победи на Скопски фестивал, Тамара „вечно“ втора

Даниел Кајмакоски победи на Скопскиот фестивал и со неговата песна „Лисја есенски“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Австрија,поточно Виена, таму каде што и живее.

Со неговата победа, ги исполни предвидувањата дека токму тој ќе биде победникот на годинешниот фестивал.

Тамара и нејзината „Брод што тоне“, нумера која на многумина им беше фаворит го освои нејзиното „вечно“ второ место.

Таа по овој повод на нејзиниот Фејсбук профил напиша:

„Драги мои, многу сум задоволна од оваа втора награда, по не знам кој пат. Му честитам на Даниел и сакам да му ја пратиме сета среќа за најдобар пласман на Евровизија 2015. Заслужува.“

На Скопскиот фестивал Награда за животно дело му беше доделена на Димитар Масевски, а Каролина ја прими наградата во името на семејството Милошоски, за прерано починатиот Даниел Милошоски од Авалон продукција за посебен придонес во музиката и соработка со Македонската телевизија.

Фото: Вечер

September 30, 2014

(Фото) Тамара спремна за брак

Тамара Тодевска викендов го кажа судбоносното „да“ на спортскиот директор на KK „Работнички“, Алексадар Димитровски.

Поранешниот кошаркар ја побарал раката на пејачката во еден од скопските трговски центри, а по подоцна идните младенци направиле голема забава во ресторанот кој е сопственост на Димитриевски и на Перо Антиќ.

August 30, 2014

(Галерија) Тренд на разголување: По Катарина и Тамара и Мелита топлес

Летово се изнагледавме на разголени фотографии од плажа. Топлес фотографии објави топ моделот Катарина Ивановска, па Тамара, а најново се топлес фотографиите на Мелита, (дело на Дарио Јанковиќ)  кои ги објави на Фејсбук…

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Катарина Ивановска топлес на Хвар

(Фото) Да не биде покусо: И Тамара топлес на плажа

 

Постари вести »

Powered by WordPress