January 15, 2015

Тајзи со прв концерт надвор од Македонија

Filed under: забава — Tags: , , — @ 1:02 pm

Македонскиот реге артист Тајзи и Иноватива Груп го најавуваат првиот негов концерт надвор од границите на нашата држава.

Почетокот на концертот е закажан во клубот “Jack`s House“, во Банско, Бугарија на 18 јануари (недел), со почеток во 23 часот

По успешниот, голем концерт во Скопје, во Универзалната сала, Тајзи за прв пат ќе се претстави на локалната, бугарска публика, но и пред македонските туристи на кои им се познати неговите хитови

May 15, 2014

Слаткаристика и Ферус со заеднички сингл, „Дими џам“

Хипхоп-артистот Слаткаристика и кралот на саксофонот Ферус Мустафов снимија заедничка песна, насловена како „Дими џам“.

На песната гостува и Тајзи, а музиката и аранжманот се работени во студиото „Јованови“.

Песната со видеозапис ќе се промовира на почетокот на јуни.

Оваа песна е најава за новиот, трет соло-албум на Слаткар на кој забрзано работи. По неговите настапи во Бугарија и турнејата во Австралија, од неговата продукција најавуваат уште неколку негови целовечерни концерти во нашата држава и во странство.

Powered by WordPress