January 16, 2015

Се остваруваат најавите за нови напади: Во Белгија ликвидирани двајца терористи

Filed under: свет — Tags: , , — @ 10:26 am

Двајца терористи кои подготвувале напади во Белгија се ликвидирани вчера во полициска акција во југоисточниот град Вервие, во близина на границата со Германија и Холандија.

Белгиските власти претходно објавија дека е донесена одлука за зголемување на готовноста за акција против терористички закани на трето, предпоследно ниво.

January 9, 2015

Убиени терористите од Париз

Filed under: свет — Tags: , , — @ 6:37 pm

Браќата Саид и Шериф Куаши, се убиени при полициската акција во гратчето Дамартан ен Гуел во Франција, пренесуваат светските медиуми.

Сопственикот на печатницата каде се сокрија терористите, и кој беше држен како заложник, е добро. Негов колега пак се криело во кутија и ја информирало полицијата за движењето на терористите.

Двајцата терористи кои го извршија нападот во „Шарли ебдо“, беа формално идентификувани откако изутринава грабнале автомобил од марката Пежо 206. По што тие биле пресретнати од полициска или жандармериска контрола, и имало престрелка и терористите се сокриле во печатницата.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Париз сардисан, трет напад: Заложничка драма и во супермаркет

Франција: Терористите опколени во печатница, во заложништво држат едно лице

За 24 часа ново пукање во Париз: Убиена полицајка

Терористички напад сред Париз: Убиени 10 новинари и 2. полицајци

(Галерија) „Шарли Ебдо“ ги исмејува сите религии, не само исламската

Париз сардисан, трет напад: Заложничка драма и во супермаркет

Светските медиуми јавуваат за трет напад во Париз во последниве 48 часа, и коментираат дека настаните во Франција потсетуваат на кординираните акции при терористичкиот напад во Мумбаи, Индија, пред неколку години.

Последниот напад е заложничка драма во супермаркет (сопственици се Евреи) во источниот дел на Париз (во т.н. еверејско мало), во која во заложништво се држат најмалку шест лица.

Во заложничката драма се убиени или ранети најмногу две лица. Нема офицјална потврда.

Станува збор за истото лице, Амиди Кулибаи, роден во 1982 година (со африканско потекло) кој вчера уби полицајка среде Париз. Со него има уште едно лице.

Кулибаи се познавал со еден од браќата-терористи кои го извршија масакарот во редакцијата на Шарли Ебдо, кои моментално се опоколени и исто така држат во заложништво едно лице.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Франција: Терористите опколени во печатница, во заложништво држат едно лице

За 24 часа ново пукање во Париз: Убиена полицајка

Терористички напад сред Париз: Убиени 10 новинари и 2. полицајци

October 21, 2014

Ноам Чомски: Американските војни се најголемите терористички напади

Познатиот  политички аналитичар, Ноам Чомски, кој учествувал на видео-конференција во Сијудад во Мексико, одговарајќи на прашања  пред публика од неколку стотици луѓе, истакнал дека дека американските напади со беспилотни летала и војните што ги води Вашингтон се најголемите терористички напади во човечката историја.

Чомски ги пофалил Венецуела и Боливија како латиноамерикански држави, кои докажале дека е можно да се побегне од 500 години долга колонизација, како и од доминација на САД.

Америкаснкиот филозоф и лингвист на видео-конференцијата говорел и за можната нуклеарна војна и еколошките катастрофи како дека најголемите закани врз човештвото.

– Во овој момент имаме два клучни проблеми: првиот е сѐ уште присутната опасност од нуклеарна војна. Вториот, кој исто така му се заканува на опстанокот на нашиот вид, се еколошките катастрофи што ги предизвикуваат луѓето без намера да запрат. Тоа се темелните проблеми – посочил Чомски.

June 23, 2014

Косово и Балканот мета на терористи од терористичката организација Исламска држава Ирак и Сирија

Косовската влада, нејзините институции, како и некои држави на Балканот, би можеле да бидат цел на терористички напади, кои би можела да ги изврши организацијата Исламска држава Ирак и Сирија, попозната како ИСИС, пишува Слободна Далмација.

На истата тема известува и косовскиот портал Лајмет.нет, кој се потпира на „сигурни меѓународни извори“, кои тврдат дека западните разузнавачки агенции за оваа закана ја информирале Косовската разузнавачка служба и ѝ препорачале да ја зголеми будноста поради наводната комуникација на ИСИС во Сирија и Ирак со своите ќелии на Балканот.

На тие ќелии, според косовскиот портал, им е дадена „наредба за напад врз оние што не дејствуваат по волјата на Алах“, а посебно „да се фокусираат на објектите на Владата на Косово“.

На пишувањето на косовскиот портал реагирала косовската полиција, тврдејќи дека таа нема информации за можни закани врз институциите и народот на Косово и во балканските земји.

Порталот Лајмет.нет и покрај оваа реакција на косовската полиција тврди дека некои амбасади во Приштина ги предупредиле своите граѓани и нивните организации за можни терористички закани, побарале да бидат претпазливи и ја зајакнале контролата на влезовите во амбасадите.

Powered by WordPress