January 15, 2015

УНИБанка со нова експозитура во Буњаковец

УНИБанка пушти во употреба нова експозитурата во Скопје, како дел од мрежата на експозитури. Новата експозитура е лоцирана во Буњаковец, со адреса на Бул. Партизански одреди бр.25 локал 1 и ќе ги извршува сите оперативни работни активности потребни за клиентите.

Новата експозитура е модерна и подготвена да ги услужи сите оние кои бараат професионалност, флексибилност и непосреден контакт при завршувањето на работата.

УНИБанка го темели својот успех на цврсто поставени стандарди, квалитетна услуга и задоволни клиенти.
Во иднина ќе се продолжи со реализација на активности и проекти, со цел излагање во пресрет на потребите на клиентите.

December 24, 2013

Унибанка прогласена за банка на годината

На церемонијата која што се одржа на 19-ти декември во Оксфорд, Англија, Европската Бизнис Асамблеа во областа за финансиски услуги, на Унибанка и го додели признанието за најдобра Банка на годината, а претседателот на Управниот одбор на Банката Коста Митровски за менаџер на годината.

Ова престижно признание се доделува на основа на следниве критериуми: стабилна позиција на пазарот, високи квалификации на вработените, бизнис репутација, позитивен имиџ во регионот, атрактивност на инвестииции и
конкурентност.

„Доживувањето е прекрасно затоа што е наградена нашата Банка, а секако пријатно е чувството да се стекнеш и со признание Менаџе на годината“, изјави претседателот на Управниот одбор на Унибанка, Коста Митровски по приемот на високите признанија во Оксфорд Англија.

Powered by WordPress