January 15, 2015

Фирма од Зајас ќе ги одржува државните патишта

Фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ од село Долно Строгомиште-Зајас ќе ги одржува државните патишта во скопската, штипската и велешката подрачна територија, објави А1 Он.

До Бирото за јавни набававки,  јавното претпријатие Македонија пат ги доставила договорите. Сите се со важност од една година а договорот почнува да важи од 26.12.2014. до 26.12.2015.

Во трите одделни постапки фирмата ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ се јавува како единствен понудавач, а нема никаква разлика помеѓу највисоката и најниската добиена понуда.

За одржување на државните патишта на територија на подрачје Скопје, јавното претпријатие Македонија пат на фирмата од село Долно Строгомиште ќе и плати 30.515.207 милиони денари со вклучен ДДВ или околу 495.000 илјади евра.

Македонија пат услугата ја процениле на 32.000.000 милиони денари, а најниската но и највисока единствена понуда на фирмата ПЕРПАРИМИ била 10.900.800 милиони денари или за три пати помала сума од онаа која е потпишана, пишува А1 Он.

Извор: А1 Он

December 14, 2014

Во индустриската зона Ќојлија во Петровец отворена првата фирма

Filed under: локално — Tags: , , — @ 9:11 pm

Во индустриската зона Ќојлија во општина Петровец денеска официјално беше пуштен во употреба првиот готов објект. Станува збор на логистичкиот центар со површина од 3.500 метри квадратни на компанијата „Глобко логистик“ која се занимава со поштенски услуги, во кој се вработени нови 40 лица.

–  Досега во зоната се продадени 75 локации, а од нив 27 веќе имаат извадено одобрение за градење. Дел од нив се во подгответелна фаза, а дел најавуваат почеток на градба во март идната година. Очекувам за четири до пет години ова да биде огромна индустриска зона во која илјадници луѓе ќе го најдат своето работно место, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на отворањето на објектот.

Индустриската зона се прогега на површина од 195 хектари, а наскоро се планира да се прошири на уште 28 хектари. Лоцирана е на влезот на аеродромот „Александар Велики“ во непосредна близина на автопатот Е-75 и на железничката пруга.

Токму тоа, според градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, заедно со ниската цена на комуналиите од само 34 евроценти по метар квадратен и ниската почетна продажна цена на градежното земјиште се главните причини за големата заинтересираност за локациите во зоната.

–Трудот што го вложивме во изминатите три-четири години почна да излегува на виделина со пуштањето во употреба на објектот на Глобко логистик. Во негова непосредна близина започнаа подготвителните работи за изградба на хала од 8.000 метри квадратни, а издадено е и одобрение на турски држвајанин за изградба на хотел на самиот влез на Аеродромот од 24.000 метри квадратни, Тинекс ќе гради хала од 12.000 метри квадратни,… рече Митевски.

Инвеститор на објектот на Глобко логистик, што се изгради за нецели девет месеци и што чинеше речиси два милиона евра, е фирмата Глобекс, која има дозвола за изградба на уште еден објект од 3,500 метри квадратни во зоната Ќојлија.

– Веруваме дека тој објект ќе се изгради во текот на 2015 година, а до крајот на 2017 година очекуваме да се изградат хали со вкупна површина до 15.000 метри квадратни на нашата локација во зоната која има површина од 22.000 метри квадратни, рече Снежана Кокраволчевска, сопственикот на Глобекс и Глобко логистик

Таа посочи дека во компанијата во овој момент работат 200 работници во сите 18 подружници низ Македонија. Покрај логистичкиот центар во Петровец комкпанијата има неколку подружници на повеќе локации  во Скопје, како и во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Штип и Кочани.

– Очекувам уште да се шириме за да можеме да се прошириме и за меѓународен транспорт за брз пратка, исткна Кокраволчевска.

November 26, 2014

Трагедиите се неизбежни: Во Македонија регистрирани 178.000 парчиња оружје

Filed under: македонија — Tags: , , , — @ 9:20 am

Според податоците од 2013 година во Македонија се регистрирани 178.207 парчиња оружје во сопственост на граѓани и на приватни фирми. Ако се земе предвид дека во земјава има околу 550.000 домаќинства и околу 50.000 активни фирми. Тоа значи дека речиси секој трет дом/фирма поседува оружје.

Ако се земе предвид дека во земјава се уште се наоѓаат бункери со оружје од времето на конфликтот во 2001 година, како и дека надлежните повремено откриваат поседување на нелегално оружје тогаш е јасно дека вкупната бројка парчиња оружје во земјава е многу поголема.

Според американските медиуми една од главните причини поради која САД се меѓу првите земји во светот по убиства со огнено оружје е токму лабавата регулатива во однос на поседувањето на пиштоли и пушки.

Во изминативе неколку недели, македонската јавност е сведок на повеќекратни семејни убиства во земјава, а можеби една од причините за овие трагични настани лежи токму во големата бројка легално поседувано оружје.

November 11, 2014

Австријци ќе градат станови и деловни згради во Македонија

Ирис Баунтернемунг Гмбх ДООЕЛ Скопје е името на австриската компанија која ќе гради станови и деловни згради во Скопје.

Според објавата во Централниот регистар австриската компанија Ирис Баунтернемунг од Виена основа компанија во Скопје.

Основната главнина на новото Друштво е 428.500 денари, а според податоците на Регистарот, приоритетна дејност е изградба на станбени и нестанбени згради.

Управител на фирмата во Скопје е Фадила Котоло од Виена, Австрија.

November 5, 2014

Српско здружение тужи македонска фирма дека им го украла ајварот

Здружението „Лесковачки ајвар“ кое е сопственикот на заштитениот истоимен бренд и регионалната Стопанска комора ќе го тужат на Меѓународниот суд во Женева производителот на ајвар од Гевгелија затоа што го украл и фалсификувал српскиот бренд, пишува српскиот весник„Вечерње новости“.

Како што тврдат од Асоцијацијата на стопанствениците од југот на Србија, производот е заштитен со географско потекло и со меѓународен сертификат од Лисабон се продава во одделни маркети во Чикаго, САД.

Делегација од лесковачката локална самоуправа и стопанственици од тој крај, за време на неодамнешната посета на САД , се шокирала кога на рафтовите на неколку маркети во Чикаго виделе тегли „лесковачки ајвар“ произведен во Гевгелија во Македонија.

-На теглите е голема налепница со името на лесковачкиот српски бренд, додека со ситни букви, скоро невидливо, е испишано името на производителот од Гевгелија. во заштиотата на географското потекло вложивмемногу време и пари и недопуштено е некој на овој начин да се поигрува со нашиот производ кој е брендиран- изјави за новости претседателот на регионалната комора, Горан Јовиќ.
Тој појаснува дека информации дека „лесковечки ајвар“ може да се купи во САД добиле од иселениците кои не го проверувале името на производителот.

Тегла од овој ајвар во САД чини четири долари.

Од здружението тврдат дека постои елаборат за рецептот по кој се подготвува ајварот од пиперки од подрачјето на Лесковац и дека може да се произведува само со нивна согласнот, а таква согласност не му е издадена на македоснкиот производител на „лесковачки ајвар“.

October 8, 2014

За 63 места се пријавиле 360 кандидати за работа во Елокс Груп

„ЕЛКОС Груп“ е една од најголемите компании во Косово. Таа минатата година изгради нов трговски центар во Штип а пред неполн месец, објави и оглас за 63 работни места. Вработувањата се однесуваат на различни позиции, од менаџери, продавачки, обезбедување, администрација па се до хигиеничари, пренесува порталот „1.мк“.

Претставници на „Елкос груп“, денес во Штип започна со тестирање на пријавените кандидати, но интересно е да се каже дека за 63.те отворени работни места се пријавиле над 350 кандидати! Холот пред големата сала на Општина Штип каде се спроведува тестирањето е преполн со луѓе, кои очекуваат да го реализираат интервјуто и тестирањето за работа. Заради големиот број на пријавени, тестирањето се врши фазно, во неколку групи, согласно капацитетот на големата сала на општината, додава „1.мк“.

Трговскиот центар во населбата Сењак е во финална фаза и се протега на површина од 14.000 метри квадратни. Земјиштето беше купено по цена од 19.700.000 денари, од кои 15.000.000 се инкасираа на сметката на Општина Штип. „Елкос Груп“ е фирма која има искуство за изградба и работа на трговски центри. Најголемите вакви центри ги има изградено во Косово, а исто така се занимава и со изградба и на други комплекси.

September 4, 2014

Владата ќе формира акционерска фирма која ќе се вика „Водостопанство на Македонија“

Владата одлучи да формира акционерска фирма која ќе се вика „Водостопанство на Македонија“, а во кое ќе се фузираат поголемите јавни водоводни претпријатија низ Македонија.

Ова акционерско друштво ќе има 12 испостави низ државава, а централата ќе биде во Скопје.

– Целта на формирање на АД „Водостопанство на Македонија“ е сериозно подобрување на давањето на услуги кон земјоделците. Новоформираното друштво ќе ги преземе дејностите кои се во надлежност на досегашните водостопански претпријатија со што ќе се централизира работењето. Претежните дејности на Друштвото се дејности од јавен интерес и се снабдување со вода за наводнување, снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби) и технолошки потреби, снабдување со вода за индустриски (стопански) потреби, вклучувајќи и производство на електрична енергија, одводнување на земјиште, изградба и тековно и инвестиционо одржување на системите за наводнување и одводнување на земјиште и друго – вели владиониот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Новото акционерско друштво, според владиниот план, ќе ги преземе сите долгови но и големи побарувања од должниците.

(Фото) Пекарата Специјал се шири: Нова продавница кај Универзална сала

Пекарско-слаткарската фирма „Специјал“ отвара нова продавница покрај Универзалната сала во Скопје.

„Специјал“ е пекарско-слаткарска фирма со 20 годишна традиција и искуство во овој сегмент од приватниот бизнис.

Според официјалниот сајт на фирмата, „Специјал“ има 100 вработени и производството се изведува во седум пекари со обезбеден магацински простор каде соодветно обучени работници ги произведуваат производите притоа користејќи современи машини и опрема.

August 25, 2014

Промена во Одборот на директори на битолска „Македонија“

Собранието на акционери на битолската фирма „Македонија“ АД донесе одлука за отповикувањ на Борче Крстевски (неизвршен член) од членство во Одборот на директори на фирмата, соопшти компанијата.

На негово место за неизвршен и независен член на одборот е избран Миле Христовски.

July 23, 2014

За првпат од почетокот на кризата грчка фирма се осмели да излезе на берзата

Filed under: бизнис — Tags: , , , , — @ 8:03 pm

Грчката економија е во замав. За првпат од почетокот на должничката криза една грчка фирма се осмели да излезе на берзата анализира Дојче веле.

Операторот на парк со ветерници „ЕЛТЕХ Анемос“ веќе ги пласираше своите акции на берзата.

Од јули 2009 година никој повеќе не се осмелуваше во Грција да ги повика инвеститорите да вложат свеж капитал. Дали излегувањето на берза од страна на „Анемос“ сигнализира крај на должничката криза во Грција?

Целата анализа ОВДЕ.

Извор: Дојче Веле

Постари вести »

Powered by WordPress