January 15, 2015

Градоначалникот Захариев, за една година се сретнал со 12 илјади штипјани

Filed under: локално — Tags: , — @ 12:15 pm

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев во периодот јануари-декември 2014 остварил средби со 12 илјади или во просек по илјада лица месечно, пишува „1.мк„.

„При тоа е важно да се напомене дека сите странки се примени, сослушани се нивните проблеми, пофалби или предлози, онаму каде што општината или градоначалникот имале ингеренции е помогнато, а онаму каде што немаат, испратени се барања и ургенции за решавање на проблемите на граѓаните преку државните институции,“ велат од Општината за овој медиум.

Според статистичките податоци, во 2009 година интересот за локалната самоуправа бил 15% а до 2010 истиот е зголемен на 23 %. Според бројот на контакти со медиумите, граѓаните и информациите во оптек, интересот за локалната самоуправа во изминатите 4 години, како и за работата на локалната самоуправа е зголемен за дополнителни 10-15 % односно изнесува околу 38%.

„Ваквото зголемување се должи и на се поголемата отвореност на општината за граѓаните, транспаренотста при објавување на информации за сервисите и услугите на општината, користењето на социјалните мрежи и профили на локалната самоуправа, извештаите за седниците на комисиите и Советот на Општината, објавувањето на листите на јавните набавки и проектните активности на градоначалникот и оштината. Секако, голем удел имаат и урбанистичките проекти за легализација на дивоградбите и продажба на градежното земјиште, што предизвика интерес кај граѓаните, преку кои постапки поблиску се запознаа и со работата на општината, додава „1.мк“.

December 4, 2014

(Фото) Штипјани добија ЗОО парк

Filed under: локално — Tags: , , — @ 5:28 pm

Штип за прв пат доби зоолошка градина.

ЗОО паркот „Бриони“ се протега на 5.000 метри квадратни и засега има диви кози, пони, дива свиња, срна, пауни, гуски, и други птици.

Проект е дело на ЈП „Исар“ и локалната самоуправа.

Фото: 1.мк

 

April 23, 2014

Штипјани ќе прават автобуски шасии за „Ван Хол“

Во индустриската зона „Запад“ денеска почна изградбата на новата фабрика на штипска „Актива“ во која ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хол“, која има своја фабрика за автобуси во индустриската зона „Бунарџик“ кај Скопје.

Фабриката ќе се протега на 70.000 квадратни метри со можност за нејзино проширување за дополнителни 50.000 квадрати. На оваа локација, всушност, ќе се градат две фабрики, секоја со по 16.000 квадрати деловен простор. Во првата фабрика ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската фирма, додека во втората ќе се остварува производство на челични конструкции.

Со поставувањето на камен-темелникот, започна изградбата на првата од двете хали во кои ќе се произведуваат автобуските шасии. Халата ќе биде со големина од 8.000 квадратни метри и е планирано да биде изградена до крајот на септември за кога е најавено да започне производството на шасиите, а втората хала ќе се гради во наредната година.

Вкупната инвестиција на првата хала изнесува три милиони евра, од кои еден милион се сопствени средства на „Актива“, а два милиона евра се кредит од Комерцијална банка.

Powered by WordPress