Почнаа резервациите за лето 2015: Ова се најубавите плажи во Грција

Сигурно се уште паметот ви е на скијање, но јануари е време кога најчесто во европските држави се прават резервации за летен одмор. Омилена дестинација за многу Македонци е соседна Грција, која нуди пријатна клима и прекрасни плажи.
 
Видете ја ранг листа на 10-те најубави плажи во Грција:
 
10. Плакета Бич, Наксос
Има снежно бел песок и чиста вода. Имајте на ум дека е омилена плажа на нудисти. Околу плажата има многу хотели и таверни. Самата плажа е долга оаза.
 
9. Вутуми
Се наоѓа на североисточниот дел на островот Антипаксос, во голем карпест залив. Популарен е меѓу семејства поради плитка вода, но, исто така, тука може да се видат и многу приватни јахти и водени такси. На ридот точно на плажата има една таверна, која служи традиционални грчки гозби.
 
8. Миртос, Кефалонија
Миртос има освоено многу награди од туристички изданија – за плажа со чиста вода, за најубава плажа итн. Плажата има полукружна форма и е опкружена со бели карпи. Тоа е едно од најпознатите фотографирани места во Грција.
 
7. Мата, Крит
Според грчката митологија, тука Зевс пливајќи во водата, е преобразен како бик и ја носи Европа на грбот. Мата е популарна туристичка дестинација, која нуди по нешто за секого. Иако има многу туристи, го задржа шармот на мало рибарското село. Околу Мата има многу карпи и убави пештери.
 
6. Периса Бич, Санторини
Плажата е позната по црниот песок. Голема атракција тука е скалата Меса Вуоно која се издига од морето. Таа е особено импресивна навечер, кога се чини дека свети во темнина. Селцето има бројни хотели за секој џеб, како и таверни, кафулиња и барови.
 
5. Платос Јалос, Миконос
Ова е една од најпопуларните плажи во Миконос. Во лето тука доаѓаат илјадници туристи. Постојат бројни хотели директно на плажа, а гостите треба само да излезат од собата и по 2 минути се на песокот.
 
4. Елафониси, Крит
Позната е по кристално чистата вода. Плажата изгледа недопренз од уништувањето на цивилизацијата. Песокот има розова нијанса на светлината поради остатоци од корали. Водата е плитка, што го прави погоден за деца.
 
3. Црвената плажа, Санторини
Се наоѓа на неколку чекори од од античкиот Акротири. Тука има идеални услови за нуркање. Во лето е полна со туристи, а поради убавината вреди да се посети.
 
2. Навагио, Закинтос
Ова е едно од најпознатите фотографирани места во Грција. Опкружен е со високи карпи, а тиркизниот води изгледаат како разгледница.
 
1. Саракинико, Милош
Долгите хоризонтални карпи изгледаат навистина импресивно. Нив времето и солената вода ги врежало во бизарни форми. Во нив нема вегетација.
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести