10 места во Париз кои мора да ги видете

Ако го опишуваме со еден збор, тогаш за Париз ќе речеме дека е неспоредлив. Тоа е град создаден за романса. Затоа е место кое не се одминува, особено ако сте вљубени. Париз е град кој секогаш ве чека со отворени раце. Затоа, ако сакате да ве гушне, не заборавајте да ги посетите овие места.
 
Versailles
Версај - и приказната за екстраваганцијата може да започне. Таму е почетокот на она што значи многу и повеќе од многу. Започнете го истражувањето од Салата на огледалата, каде што сѐ ќе ви стане јасно. Понатаму, ако ви остане време, видете ги градините кои ја красат оваа незаборавна палата.
 
Père-Lachaise
Секој што некогаш нешто значел, почива овде. Ова се најпознатите гробишта на светот па мора да ги посетите колку и да не сте голем љубител на прошетките по гробиштата. Оскар Вајлд, Џим Морисон, Балзак, Пруст  - сите се закопани таму. Шетајќи се по мирните алеи, во вашите спомени ќе се вратат сите реченици, ноти или слики кои овие луѓе ги оставиле зад себе, а за вас одиграле голема улога.
 
Louvre
Иако многу луѓе ги превртуваат очите кога им се нуди посета на некој музеј, ние сепак ви препорачуваме да го посетите Лувр без приговор. Тоа е едно од врвните места во светот кога станува збор за нешто што мора да се види додека сте живи. Ви советуваме само да облечете удобни чевли, да си носите шише со вода и однапред да знаете што сакате да видите. Најпрво застанете пред влезот на Лувр и видете ја Стаклената пирамида. Низ ходниците патот сигурно ќе ве однесе и до Мона Лиза, но ние ви препорачуваме да ги видите и Сплавот на Медузата како и статуата на божицата Ника.
 
Градините на Tuileries
После ходниците на Лувр, ништо друго нема подобро да ве освежи од една прошетка низ градините на Tuileries. Ако видите слободни клупи  – седнете. Сега е моментот да си отворите едно шише вино и да си каснете убаво сирење со топол багет купен од блискиот пазар. Во големиот базен можеби ќе видите деца кои ги возат своите едрилици, а вие веднаш ќе се чувствувате подобро.
 
Ајфеловата кула
Единствената причина за да не го посетите симболот на Париз е ако имате страв од височина. Ова е спектакуларно здание дури и ако се набљудува од земјата, а погледот одозгора може само да замисли. Безбројните кровови и познатите мансарди на Париз, ќе направат да го заборавите сиот напор кој ви требал да стигнете дотука.
 
Promenade Plantée
И вежба и шопинг! Подобро не може да биде. Promenade Plantée е првиот парк во кој има поставено елеватор кој води до „зелената зона“ на покривот од вијадуктот, на којшто сообраќал воз со цел да го поврзе градот. Слично на The Highline во Њујорк, ова место овозможува поглед на околу 3000 различни видови растенија во должина од  скоро 5 километри. И она што е најдобро во оваа прошетка е што на патот ви се нудат голем број продавници кои чекаат само на вас.
 
Musée d’Orsay
За сите љубители на уметноста, Орсеј е нешто што мора да се посети. Она што најпрво ќе го привлече вашето внимание сигурно ќе биде светлината која доаѓа од огромниот стаклен плафон преку целата должина на музејот. Првично конструиран како железничка станица, музејот Орсеј подоцна станува место во кое е поставена најголемата збирка слики од периодот на импресионизмот и постимпресионизмот.
 
Сена
Сѐ што треба да одлучите е по кој кеј од Сена ќе се шетате. И двата брега нудат специфични места и занимливости. Ако одберете да се шетате по левиот брег, ќе се сретнете со споменици од артисти, писатели и револуционери. На левиот брег се и кафулињата за кои сигурно сте читале во некоја книга. Ако мислите ви се насочени кон десниот брег, појдете до Маре, одлично место во кое ќе треба да го пронајдете излезот од Лавиринтот. И се разбира, да го видите музејот на Пикасо.
 
Rodin Museum
Уште еден музеј, но пред да го одминете, помислете на Роден и неговото уметничко богатство. Може ли да се замисли една младешка љубов без „Бакнежот“? Она што го прави овој музеј уште попривлечен е и собата на Камил Клодет, исто така скулпторка, којашто цел живот била вљубена во Роден, што на крајот и го уништило животот. А дворот на музејот ќе ви овозможи да ги видите облиците на големите скулптури на големиот Мајстор.
 
Giverny, Живерни
Селцето се наоѓа на 75 километри од Париз и е познато како место во кое е роден сликарот Клод Моне. Она што ќе ве занеми е изгледот на местото: тоа е исто како да сте стапнале во некоја од неговите слики. Јапонскиот мост е обоен во сино-зеленикава боја, а водата е полна со лилии. Цвеќињата кои се насадени во градината се перфектно наместени и со идеалните бои за да ја поттикнат фантазијата која ќе се роди на ова извонредно убаво место. Каде и да се наоѓате, што и да правите немојте да го пропушите погледот од некој од прозорците на Живерни. По ниедна цена.  
 
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.

Најчитани вести