(ВИДЕО) еМагазин во Јапонија: Лекција по туризам од езерото Kawaguchiko под Фуџи

Многумина од Вас сигурно слушнале за брзите возови во Јапонија или за тоа колку Јапонците се по редот, точноста или правилата. Бидејќи овие работи се воглавно познати, еМагазин директно од Токио преку серијал ќе се обиде да Ви пренесе и други интересни и невообичаени работи за кај нас.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Галерија) Ексклузивно: еМагазин во резиденцијата на актуелниот јапонски император Акихито

(ВИДЕО) Како Јапонците ја “продаваат“ приказната за светата планина Фуџи

(Фото) еМагазин во Токио: Зошто рисот не би бил наша верзија на Кити или Манеки Неко

(Фото) еМагазин во Токио: Денеска секој може да биде самурај

(Фото) еМагазин во Токио: Шилегов, ништо не правиш со оџаџарите, еве зошто Јапонците немат проблем со загадување

(Фото) еМагазин во Токио: Таксист може да се биде и на над 80 години

(Фото) еМагазин во Токио: Бутици за кучиња и мачки

(Фото) еМагазин во Токио: Идеално место да ги оставите цигарите

Света планина 

Планината Фуџи (3.776 метри надморска висина), која е настаната од три вулкани, во различни временски периоди е најсвестото место во Јапонија. Таа е планината на вечниот живот, светот на боговите, патот до Буда. Таа е благословена планина.

И богами е таква. Ако рајот постои на земјата, сигурно е овде.

Буда дал овде се. Од прекрасна вегатација до преубава природа. И дури пет езера, кои се формирале од снегот кој се топи од Фуџи, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Најпопуларно е езерото Kawaguchiko, каде престојуваше екипата на еМагазин.

Првиот впечаток по пат околу езерото и покрај самото езеро е дека Буда дал многу, ама и дека Јапонците до милиметар ја завршиле целокупната слика.

Веднаш Ви станува јасно зошто овде во овој планински предел со високи елки, бамбуси и најшарени цвеќиња, можете да водите туризам не само зиме. Било кога.

Овде имате неколку забавни паркови, какви што никогаш немало во Македонија, а најверојатно по големината и по тоа што се нуди во нив нема ни да има во следните неколку децении.



Сакате банџи-џампинг, ролекостер, парк на Јети, жичари, нуркање во езеро, едрење во езеро, да се возете со педалинки во форма на лебед (по кои е познато езерото), кајак, музеи... Никогаш нема да Ви биде досадно.

Овде се одржува и еден од трите најпознати фестивали во Јапонија, тој што е посветен на огнот.

Колку е детална понудата и за секого, ќе се обидам да Ви доловам преку малиот симпатичен комплекс посветен на мачката Дајна од Земјата на чудата.

Само на мачката и е посветен ресторан, продавница во која се продаваат исклучиво сувенири со нејзиниот лик, мала кула, секако градина...

Никаквата понуда, освен снегот, кој се помалку го има во нашите зимски центри, е главната причина за нивната слаба посетеност во зима, а камоли во друг временски период.

Добредојде



Најмногу што мене лично ме нервира кога барам сместување во Охрид или Маврово е понудата. Или е екстремно скапо за наш џеб (невредна за тие пари) или понудата е очајна. Од една крајност во друга. Да не спомнувам се што фали во нашите приватни капацитети, државните ич да не ги бројам.

Овде бев шокиран дека освен прекрасните кукички во стил според амбиентот (не да гради кој што ќе му текне), прекрасните хотели со спа и други чуда, од начинот на кој се пречекува гостинот и грижата за него. Гостинот е секогаш најважен.



Куќичката во која бевме сместени имаше буквално се. Дури јагленот во скарата беше наместен, само треба да штракнеш со запалка. Ама баш ништо не ти фали, од отварач за вино, до четка за заби.

Просто не ми се веруваше кога некаде околу 10 часот навечер дојде човек насмеан, само за да провери дали сме го изгаснале огнот на скарата. Да, тоа му е дел од работните обврски. Е тоа одмор, за ништо не треба да се грижиш.

П.С. Најголема уживанција овде ми беше престојот во мала бања со лековита вода, која има и отворен дел со панорамски поглед на езерото. Кој хедонизам :)

ПРОДОЛЖУВА...

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.

Најчитани вести