еМагазин во Јапонија: Јапонците на мобилен добиваат порака дека доаѓа земјотрес

Многумина од Вас сигурно слушнале за брзите возови во Јапонија или за тоа колку Јапонците се по редот, точноста или правилата. Бидејќи овие работи се воглавно познати, еМагазин од Токио преку серијал ќе се обиде да Ви пренесе и други интересни и невообичаени работи за кај нас.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Фото) еМагазин во Јапонија: „Подобро да се спречи, отколку да се лечи„

(Галерија) Ексклузивно: еМагазин во резиденцијата на актуелниот јапонски император Акихито

Технологија која најавува доаѓање на земјотрес

Дефинитивно е стеротип дека во Јапонија секој ден има земјотрес. Додека јас престојував таму се случи само еден, околу 5 и нешто степени, но многу повеќе се возбудив од тоа што се случи претходно.

Имено на мојот мобилен телефон ми стигна предупредување дека доаѓа земјотрес. Мислев дека не постои технологија која може да предвиди земјотрес, но ете Јапонците и неа ја смислиле. Имате доволно време да се подготвите за истиот.

Јапонија е единствената земја во светот која ја има оваа технологија која чини милијарди и милијарди евра.

Системот за рано предупредување за земјотрес го развил Јапонската метеролошка агенција, а во целиот проект потоа се вклучиле и мобилните компании и други компании, а граѓаните освен на мобилните телефони, предупредување дека доаѓа земјотрес добиваат и на телевизиските екрани или преку радио.

Функционира преку два система. Едниот за јавноста, другиот за Националниот метеролошки и хидролошки систем.

Или народски, како што ми објаснија Јапонците, во Тихиот океан е поставена огромна цевка која регистрира се што се случува, па затоа има можност за рано предупредување.

П.С. И Скопје е трусно подрачје, но разлика од него каде „урбаната“ мафија гради по некој свој терк, во Јапонија нема лабаво со непочитувањето на основите стандарди за градење на некој објект.  

ПРОДОЛЖУВА....

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) еМагазин во Камакура: Поклонување пред една од најголемите статуи на Буда во Јапонија

(Видео) еМагазин во Токио: Како изгледа 9 милионскиот град од птичија перспектива

(ВИДЕО) еМагазин во Јапонија: Како Јапонците ја “продаваат“ приказната за светата планина Фуџи

(ВИДЕО) еМагазин во Јапонија: Лекција по туризам од езерото Kawaguchiko под Фуџи

(Фото) еМагазин во Токио: Зошто рисот не би бил наша верзија на Кити или Манеки Неко

(Фото) еМагазин во Токио: Денеска секој може да биде самурај

(Фото) еМагазин во Токио: Шилегов, ништо не правиш со оџаџарите, еве зошто Јапонците немат проблем со загадување

(Фото) еМагазин во Токио: Таксист може да се биде и на над 80 години

(Фото) еМагазин во Токио: Бутици за кучиња и мачки

(Фото) еМагазин во Токио: Идеално место да ги оставите цигарите

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.

Најчитани вести