Нова инвестиција на Мебел-Ви во Кавадарци, попуст до 40 отсто до крајот на јули

Мебел-Ви ги известува сите клиенти и партнери дека и официјално започна со работа новиот продажен центар во Кавадарци. Од таму додаваат дека супер модерниот објект од 3.000 м2 е убедливо најголемиот продажен објект во Тиквешијата и веќе станува прв избор на сите кои имаат потреба од квалитетно парче мебел во овој дел од државата.

„Оваа наша најнова инвестиција во Кавадарци, е потврда дека веруваме во потенцијалот на пазарот за мебел овде, и со ова го потврдуваме нашиот придонес во развојот на регионот во целина. Мебел-Ви е присутен во Кавадарци повеќе од 12 години и со оваа наша најнова инвестиција ја зацврстуваме позицијата на компанијата во овој регион и одговоривме на потребата на купувачите за централна локација каде секој може на најдостапен и најлесен начин да избере од скоро 1.000 производи кој ги нуди групацијата Мебел-Ви од сите брендови и трговски марки.” изјави извршниот директор на компанијата Влатко Тасев.

Дополнително, од компанијата изјавуваат дека заедно со овој салон, во моментов компанијата располага со продажно - изложбен простор од над 18.000м2 на седум локации низ Македонија, со што Мебел-Ви се етаблира како најголемата компанија за мебел во државата. Мебел-Ви на домашниот пазар се развива веќе 21 година, а успешно извезува на странските пазари повеќе од 15 години. 

Во новиот објект, лоциран на Западен Булевар, се вработени четири лица. Салонот работи од понеделник до сабота од 08 до 20 часот, а се нуди и бесплатна достава низ целиот Тиквешки регион.

Освен гарнитури за седење се нудат и производи од сите категории за секој просторија во домот или канцеларијата. 

По повод отворањето на салонот се нудат попусти и до 40% на многу артикли до крајот на јули. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести