(Фото) Нов дизајн за популарните „bag-in-box“ вина на „Тиквеш“

Омилените вина „Тиквешко бело“, „Тиквешко црвено“ и „Тиквешко розе“ од 3 литри во „bag-in-box“ пакување на ВВ „Тиквеш“ добија целосно нов дизајн на амбалажата. Новиот изглед на пакувањето ги следи современите пазарни трендови и одговара на специфичните очекувања на љубителите на вино во земјава и регионот, за постојани иновации и освежувања во настапот на пазарот. 

Овие популарни вина изградија цврста врска со љубителите на вино, особено при негувањето на традиционалните вредности и обичаите, па токму затоа новиот дизајн на амбалажата беше промовиран на годинешната „Галичка свадба“, најпознатата и најатрактивна обичајна манифестација во Македонија, која се одржа изминатиот викенд.

Креативната изведба на редизајнот и промотивни активности се раководат од слоганот на оваа линија вина – „Страст за традицијата“.

Вината со новиот дизајн веќе се достапни на одредени продажни места, а до крајот на месецот ќе се најдат на полиците во сите продажни објекти низ земјава.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести