(Фото) Дунавка Трифуновска и Владо Јаневски: Еден живот, една љубов

„Еден живот, една љубов. Тоа е Витаминка. Благодарам за сите совршени моменти, изненадувања и патувања. Сите овие 20 години додека ме порасна. Волим те будало мала“, напиша манекенката Дунавка Трифуновска на нејзиниот фејсбук-профил под фотографијата со пејачот Владо Јаневски фотографирани во „Цреша бар“.

Таа го промовира концертот на Владо закажан за 5 август за кој вели дека „Охрид ќе гори од љубов, а Антички ќе мириса на романтика.“

А, дали помеѓу нив има романтика, останува да видиме.

Дунавка инаку се појавува во спотот на Владо Јаневски за неговата најнова песна „Главен град на тагата“.

Фото/Фејсбук-профил на Дунавка Трифуновска

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести