Пораст на задолжувањето: Потрошувачките и станбените кредити најзастапени меѓу граѓаните

Во јуни, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,3% и 1,2%, соодветно, којшто на годишно ниво изнесува 11,1% и 14,9%, соодветно, соопшти Народната банка.

Автомобилските кредити и негативните салда на тековните сметки забележаа месечен пад од 2,0% и 0,5%, соодветно, додека на годишна основа тие остварија раст од 0,2% и 4,8%, соодветно.

Овој месец, кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од 0,8%. Во јуни кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен раст од 0,6%, при годишно намалување од 0,8%.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести