(ВИДЕО) Историски феномен во Венецуела: Инфлација од милион отсто

625 Views Јули 25, 2018 Свет Никола Осило

Меѓународниот монетарен фонд проценува дека до крајот на годината во Венецуела инфлацијата ќе достигне милион отсто. Властите во Каракас продолжуваат да печатат пари за да го покријат буџетскиот дефицит.

„Кризата во Венецуела може да се спореди со онаа во Германија од 1923 година или во Зимбабве од крајот на 2008 година“, изјави Алехандро Вернер од ММФ.

Вернер најавува дека во 2018 година економијата на Венецуела ќе регистрира пад од 18 отсто, првенствено како резултат на намаленото производтсво на нафта.

Според него, падот на економските активности, хипер-инфлацијата и недостигот на храна по субвенционирани цени ќе предизвикаа силна миграција, и тоа може да значи прелевање на кризата во соседни држави.

МИА/Видео: newschanel

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести