Скопје по земјотресот во 1963 година: Град без деца

721 Views Јули 26, 2018 Ретро Никола Осило

Под урнатините од скопскиот земјотрес животот го загубиле 1.070 негови граѓани, биле повредени над 4.000 граѓани. Според познатите податоци, во земјотресот загинале 120 деца.

Една од првите мерки на градските власти било организираното евакуирање на скопските деца низ Македонија и низ СФР Југославија. За да биде евакуирањето поорганизирано, било формирано Одделение за народна одбрана при Градското собрание, сместено на игралиштето на ФК Работнички, а со евакуација биле опфатени неактивните жители: жени, стари и изнемоштени, инвалиди и сите деца до 15 годишна возраст.

Вкупно 105.000 лица биле евакуирани по земјотресот, од кои околу 30 илјади биле деца. Дел од евакуираните (63.200 лица) заминале кај свои роднини и пријатели во внатрешноста на Македонија, а 41.743 биле распоредени во другите југословенски републики. Така, во деновите по земјотресот, Скопје станал град без деца.

Фото: Државен архив на Македонија

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести