Каков имот има Оливер Деркоски, новиот претседател на ДИК: Два стана во Скопје, куќа во Прилеп...

Според анкетниот лист за имотната состојба на Оливер Деркоски, поднесен до Државната комисија за спречување на корупцијата во периодот кога бил неизвршен директор на Водостопанство на Македонија, новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија има недвижен имот - два стана во Скопје од 59 и 76 квадрати купени во 2009 и во 2013 година и куќа од 100 квадрати во Прилеп, наследство од родителите.

Тој има автомобил Цитроен Ц3, проценет на 300.000 денари и побарувања од околу 1,3 милиони денари по различни основи.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Деркоски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести