„Макпетрол“ промовираше апликација за полесно наоѓање на бензинските станици и што тие нудат

Компанијата „Макпетрол“ промовираше апликација „Верна гоу“ (Verna Go) која на граѓаните и туристите ќе им даде сервисни информации за најблиската бензиска станица, услугите кои ги нуди, видовите на гориво кои ги има, цената на горивата и слично.

Таа е достапна за сите корисници на „андроид“ и „иос“, функционира и без користење на интернет, а достапна е на македонски, англиски и албански јазик.

Мишко Тасевски, раководител на сектор маркетинг во Макпетрол АД, истакна дека тенденцијата на компанијата е кон развој и иновации, и новата апликација на корисниците ќе им овозможи транспарентна информација за услугите и производите кои ги нуди Макпетрол АД. 

„Макпетрол АД, како и досега, преку вакви и слични проекти го подига нивото на услугата. „Верна GO“ е одличен спој меѓу модерната технологија и транспарентниот систем, наменета за домашните и странските корисници на нашите производи и услуги.
 
Оваа современа и корисна мобилна апликација овозможува потрошувачите да бидат подобро информирани, за да можат полесно да ги планираат своите патувања. Апликацијата овозможува лесно пронаоѓање на најблиската бензинска станица, новости, како и информација за цените на горивата“. - изјави Тасевски.
 
Игор Јосифов, инженер-програмер во Макпетрол АД, ја презентираше новата  мобилна апликација, како и нејзината функционалност и притоа нагласи:
 
„Верна GО“ овозможува погодно позиционирање со помош на GPS координати преку кои корисниците ги води до посакуваната бензинска станица на територијата на Македонија. „Верна GO“ апликацијата е достапна за сите корисници на платформите Android и iOS и официјално се download-ира преку сервисите GooglePlay и AppStore.
 
Истата функционира и off line, што значи дека нема дополнителен трошок при нејзиното користење, а јазиците кои се достапни се македонски, албански и англиски. Со кликнување на една од бензинските станици се добива информација за тоа какви горива истата нуди и информација за дополнителни услуги што ги нуди избраната бензинска станица. Дополнително, мобилната апликација на Макпетрол АД ќе ги корисниците информира за сите промоции и програми кои ги нуди компанијата, како од програмата за лојалност Верна, така и од идните програми и промоции кои Макпетрол ќе ги лансира за своите лојални потрошувачи“. – додаде Јосифов.
 
Креативноста воопшто не изостанува во современиот концепт на Макпетрол АД, а тоа се покажа за време на средбата со новинарите, каде преку проекција ја разгледавме мобилната апликација „Верна GO“ и имавме можност на лице место да ја вградиме во нашите мобилни телефони.
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести