Несекојдневно визуелно доживување и музички спектакл на Филхармонија со Џијан Емин и диџеј Хуан Аткинс

Историски музички настан од светски размери каде што совршен спој направија звуците на класичната и електронската музика, се случи вчера во Охрид, во Античкиот Театар.
 
Под диригентската палка на маестралниот Џијан Емин, дополнет со диџеј сетот на американскиот техно - музичар Хуан Аткинс, Македонската Филхармонија во текот на празничната вечер на 2 Август, приреди концерт за паметење и постави нови стандарди на македонската современа музичка сцена.
 
За време на неколкучасовникот музички спектакл публиката доживеа вистинска адреналинска авантура и празник за сите сетила,  преку несекојдневните звуци, ласерските форми и артистичката игра на светла и бои.
 
Во текот на истата вечер забавата продолжи со after сетот на диџеј Jeff Mills на Плажата Парк.
 
Концертот беше поддржан од Neuland, мултисензорната платформа, наменета да поттикнува уникатни музички и уметнички доживувања.
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести