Охридското радио Супер со најголеми приходи од реклами: 49 локални радиостаници лани оствариле приход од 34,45 милиони денари

На почетокот од 2017 година, дозвола за емитување радиопрограма на локално ниво имаа 50 радиостаници, покажува анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во текот на годината престанаа да важат дозволите на РА Јехона 200322 и РА Еми23, а беше одземена дозволата на РА Пехчево24 поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (неплатен надоместок во законски утврдениот рок).

Беа доделени две нови дозволи за радио емитување и тоа на РА Пела25 и РА Јехона ФМ26 .

Оттука, во анализата се обработени податоците за 49 радиостаници.

Локалните радиостаници оствариле 22,96% од вкупните приходи на комерцијалните радиостаници. Вкупните приходи што ги прикажале изнесувале 34,45 милиони денари, што е намалување за 3,39% во однос на претходната година.

Неколку години по ред РА Кавадарци остварувала највисоки приходи од сите локални радиостаници. Во 2017 година таа остварила 3,36 милиони денари. Најниски приходи прикажале РА Ускана-Плус и РА Пела – по 0,05 милиони денари.

Вкупно 16 локални радиостаници ги зголемиле своите приходи во однос на претходната година. 88,99% од приходите биле остварени од продажба на времето за рекламирање.

Радиостаниците оствариле и приходи од спонзорства, останати приходи, приходи од други дејности и вонредни приходи, меѓутоа нивниот износ е значително понизок.

Половина од приходите од реклами ги оствариле само десет локални радиостаници (РА Супер, РА Експрес, РА Кавадарци, РА Хит, РА Тајм, РА 106, РА Енџелс ФМ, РА Холидеј, РА Галакси-2002 и РА Бум), односно 15,42 милиони денари.

Највисоки приходи од реклами прикажала РА Супер од Охрид (2,35 милиони денари), а најниски РА Пела (0,03 милиони денари).

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Охридското радио Супер со најголема добивка: Од 49 локални радиостаници, лани 19 работелесо загуба

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести