(Вознемирувачко видео) Во земјотресот во Индонезија загинаа најмалку 82 лица

Најмалку 82 лица загинаа во силниот земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала, кој вчера го погоди индонезискиот остров Ломбок.

Илјадници лица се евакуирани од зградите и префрлени во засолништа на отворено.

Земјотресот беше почуствуван и на соседниот остров Бали.

Индонезиската Влада потврди дека 82 лица загинаа во земјотресот и дека стотици лица се повредени.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 15 км во близина на северниот брег на Ломбок каде пред една недела беше регистриран земјотрес од 6,4 степени по Рихтер и во кој загинаа 16 луѓе. 

Видео: CGTN

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести