20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење на 20 од нив, поради тоа што на крајот од 2017 година престанаа да важат дозволите на четири регионални телевизии (ТВ Ултра8 , ХДТВ Канал Плус9 , Регионална ТВ 0210 и ТВ Мега11), а на почетокот од 2018 година престана да важи дозволата и на ТВ Канал 3.

Покрај тоа, на почетокот од 2018 година, Агенцијата ја одзеде дозволата на ТВ Канал еден поради неисполнување на обврската од член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (неплатен надоместок во законски утврдениот рок) и на ТВ Телеканал А1 поради неисполнување на минималните кадровски услови.

Заради тоа, Агенцијата не располага со податоци за работењето овие телевизии, освен за ТВ Канал еден, којашто и покрај тоа што немаше дозвола, доставила податоци за работењето во 2017 година.

ТВ Вижн-БМ првите седум месеци од годината емитуваше програма на регионално ниво, а од јули 2017 година продолжи да работи како локална телевизија на подрачјето на општина Долнени, Прилеп и Кривогаштани.

ТВ Топестрада два месеци емитуваше програма како локална телевизија, а од март 2017 година започна да емитува програма како регионална во регионот Д5-Пелистер.

Постојат значајни разлики помеѓу бројот на населението - потенцијалната публика на телевизиите и бројот на активните деловни субјекти - потенцијалните огласувачи на телевизиите, помеѓу регионите.

Овие 20 регионални телевизии оствариле 7,20% од вкупните приходи на комерцијалните телевизии, во вкупен износ од 102,38 милиони денари

Забележливо повисоки приходи отколку во останатите региони биле остварени во регионот Д1-Скопје (40,78 милиони денари), а најниски во регионот Д6-Мали Влај (3,56 милиониденари).

Во 2017 година, во радиодифузниот регион Д7-Стогово програма емитуваше само ТВ Канал Три. На почетокот од 2018 година оваа телевизија престана да емитува програма (радиодифузерот се откажа од дозволата), поради што Агенцијата не располага со податоци за економското работење на истата.

Во структурата на приходите доминантно учество имаат приходите од продажба на времето за реклами и телешопинг (73,71%). Нивниот износ е 75,46 милиони денари. Веднаш зад нив се останатите приходи (19,88%), кои изнесуваат 20,36 милиони денари.

Повеќе приходи отколку во претходната година оствариле само четири телевизии: ТВ Амазон (за 0,09 милиони денари), ТВ Ера (за 1,21 милиони денари) и ТВ МТМ (за 1,43 милиони денари) - сите три од скопскиот регион и една телевизија од регионот Д8 – ТВ Ускана (за 0,33 милиони денари).

Останатите четиринаесет регионални телевизии во анализираната година ги намалиле приходите.

Платено политичко рекламирање не емитувале само четири регионални телевизии: ТВ Амазон, ТВ Скопје, ТВ Сител 2 и ТВ Топестрада.

ТВ Стар емитувала најдолго (10 часа, 39 минути и 6 секунди) и воедно остварила и најмногу приходи од рекламирањето (2,90 милиони денари). ТВ МТМ емитувала 8 часа, 57 минути и 58 секунди и остварила приход од 0,72 милиони денари и ТВ Едо (8 часа, 28 минути и 6 секунди) за што остварила приход во износ од 0,46 милиони денари.

Од емитување платено политичко рекламирање приход оствариле и ТВ Кисс - 1,18 милиони денари (за 5 часа, 47 минути и 30 секунди), ТВ М - 1,07 милиони денари (за 3 часа, 32 минути и 42 секунди) и ТВ Ера - 1,01 милион денари (за 5 часа, 49 минути и 44 секунди). 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести