(Галерија) Охрид во Солун

1040 Views Февруари 8, 2015 Прошетај се Петре Димитров

Од Солун за еМагазин, Петре Димитров

Солун за Македонците е една од најомилените туристички дестинации во регионов. Но, тие најчесто го посетуваат за шопинг, ноќниот живот или едноставно да испијат фрапе покрај морето.

Солун сепак е град кој нуди многу повеќе од попусти и добро кафе. Градот има долга историја за која на секој чекор сведочат многубројните споменици, цркви и археолошки наоѓалишта.

Едно од најубавите и оргинални места е Горниот град, лоциран на ридот над центарот на градот околу тврдината Ептапиргион.

Тврдината е изградена во времето на Византија, во 12 век, врз темелите на антички објект од пред новата ера. Кога отоманската империја го освоила Солун во 1430 година, ја претворила тврдината во воен објект, а пред крајот на 19 век, Отоманците решиле да ја направат затвор.

Областа Горен град е лоцирана околу тврдината, а она што е посебно интересно се градбите на куќите, кои многу потсетуваат на охридската и македонската архитектура.

Од тврдината можете да уживате во прекрасната и единствената глетка на Солун, а доколку имате доволно време можете и да уживате и во убавата храна во многубројните таверни.

Морам да спомнам и дека токму во овој дел од Солун, се родила и Македонската револционерна организација (ВМРО).

Токму во сокачињата на Горен град се наоѓала книжарата на Иван Хаџи Николов, еден од основоположниците на оваа организација.

 

jQuery Slider
При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Петре Димитров

Професионален дипломиран новинар со долгогодишно искуство. Најмногу сака да патува и да прави возбудливи репортажи, но за да јавноста биде објективно информирана следи и бизнис и политика.

Најчитани вести