(Видео) Фасцинантно завршување на Саграда Фамилија во Барселона, по 144 години

Една од најпознатите и најубавите базилики, Саграда Фамилија во Барселона, ќе биде завршена во 2026 година, 144 години откако познатиот архитект Антонио Гауди стави камен темелник за таа величествена градба, пишува kucastil.rs.

Незавршената катедрала во Барселона веќе со децении е една од највпечатливите занимливости, како и една од најпознатите туристички атракции во цела Европа.Саграда Фамиилија е животно дело на архитектот Антонио Гауди (1852-1926), кој уште од далечната 1882 година го заврши проектот и ги водеше работите до 1926 година.

Гауди е еден од најзаслужните архитекти за неодоливиот шарм на каталонската архитектура.

Иако најголемиот дел од скиците на Гауди биле уништени за време на Шпанската граѓанска војна, што ги успори работите, архитектот Џорди Фаули конечно ја реализирал замислата на Гауди, кој поставил услов, катедралата да се гради исклучиво преку донации. Тоа и денеска се почитува, иако според многумина, на тој начин катедралата никогаш нема да биде завршена.

„Мој клиент е Господ, а нему никаде не му се брза,“ изјавил своевремено Гауди,

Видеото од фазите на градба и завршувањето погледнете ги ОВДЕ.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Силвана Жежовa

Долгогодишен и дипломиран новинар, кој за одредени состојби во општеството сака да пишува на начин како што Менталист разрешува мистерии.

Најчитани вести