еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2023 година  

На церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година, Алкалоид АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година по избор на медиумите.

-Признанието што го освојува Алкалоид по 11-ти пат во изминатите години ги потврдува највисоките стандарди на корпоративно управување во компанијата. Тоа е уште еден доказ за исклучителната посветеност на транспарентноста во работењето и за високиот квалитет на комуникацијата која ја одржува компанијата со сите засегнати страни (инвеститори, институции, медиуми и јавноста во целина), велат од таму.

Покрај ова, Алкалоид е добитник на уште една награда, и тоа за Акција на годината за 2023 година, во согласност со гласовите на пошироката јавност, врз основа на заедничката анкета на Берзата и на порталот „Фактор“.

-Непоколебливата решителност за транспарентно работење се рефлектира и во сите позитивни перформанси на компанијата.

Цврсто посветени на остварувањето на моделот за одржлив раст и развој на Алкалоид, притоа обезбедувајќи јасна предвидливост на очекувањата на пошироката заедница и на сите засегнати страни, овие принципи ќе останат во сржта на целокупното работење додека компанијата продолжува да ги зајакнува и да ги проширува овие аспекти во годините што следуваат, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беким Незири и уште тројца добија куќен притвор за упадот во М-НАВ: Кривичен делумно ги прифати жалбите

Редакција

За 24 часа нови 9 случаи на Ковид-19 од 2.743 тестирање

Редакција

Романија не поддржува раздвојување на Скопје и Тирана, за Османи тоа не е долгорочен интерес и за Албанија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница