еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид лани имал 232 нови вработувања

Во периодот јануари-декември 2023 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 232 нови вработувања во Македонија, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина на нето-износот од 36.500 денари.

Во декември 2023 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, одобри исплата на новогодишен надоместок за вработените во нето-износ од 34.000 денари.

Групацијата Алкалоид брои 2.843 вработени, од кои 2.155 се во земјата, а 688 се вработени во капитално поврзаните друштва во странство, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид со консолидирани продажби од 268,3 милиони евра, извоз од 183,9 милиони евра и со инвестиции од 28,3 милиони евра во периодот јануари-декември 2023

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непроменета е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство

Редакција

Собранието ги изгласа измените на законите за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д

Редакција

Детали од МВР за апсењето на Капушевски и Јаоски: Запленето и оружје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница