еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Ана Котевска од Скопје освои златен медал на интернационалната Олимпијада по германски јазик

Ученичката во специјалната германска паралелка при гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Скопје, Aна Котевска е овогодинешна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија, информираа од гимназијата.

Котевска го освои златниот медал во категоријата на натпреварувачи на Б2 ниво. Првото место на јазични нивоа Б2, А2 и Б3 таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан.

Менторка на Котевска и е професорката Кристина Клиафа – Трпеска, која е класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија.

Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот. Победниците од националните прелиминарни рунди – на возраст од 14 до 17 години патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини.

На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Котевска учествуваше и ученичката Марија Стефановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два бронзени медали за Македонија на Европската олимпијада по информатика во Холандија

Едно злато и две бронзи за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада

Фото: Гимназија „Јосип Броз Тито“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азески: Вечерва средба со премиерот за цената на струјата, ако Владата не помогне ќе има затворања на компании и отпуштања

Редакција

„Скопје сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Редакција

(Видео) Хорор во Црна Гора: 34-годишен маж убил најмалку 11 лица помеѓу кои и деца, а потоа бил застрелан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница