еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Архиепископот Стефан повика на сплотеност и единство

Архиепископот охридски и македонски Стефан, ги повикува сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија, да го сочуваат мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме.

„Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно да ги сосредоточиме срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на повредените да им дарува побрзо оздравување.

Народната сплотеност и единство најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики.

Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на нивните семејства и ближни,“ се вели апелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бигорски манастир: До кога животот на младите луѓе ќе биде заложник на неодговорноста и на несовесноста?

Погребот на починатите во пожарот ќе биде утре: Во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Планинарски клуб „Љуботен“ отвори Инфо центар: Сите информации за Шар Планина поврзани со планинарство и туризам-собрани на едно место

Силвана Жежова

„Бајки од Македонија за цела година“ помеѓу 200 најдобри книги за деца и млади во светот на престижната листа White Ravens 2020

Редакција

„Пуцко петрол“ склучил 29 договори за јавни набавки во вредност од три милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница