еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Битолско млеко и Битолски јогурт повторно прв избор на потрошувачите

Битолски јогурт и Битолско млеко веќе четврта година со ред ја уживаат довербата на македонските потрошувачи и се најпознатите брендови за 2023 година во соодветните категории, според истражувањето спроведено од агенцијата Инсајдер ИД.

Двата бренда на Бимилк, застапени во ова истражување се истакнуваат со најголема препознатливост кај потрошувачите, во споредба со сите брендови од категориите млеко и јогурт, присутни на македонскиот пазар од домашно и странско производство.

Истражувањето е спроведено кај 1.200 потрошувачи низ целата држава преку директно интервјуирање. Опфатени се брендови од домашно и странско потекло, кои се поделени во 16 категории. Категориите млеко и јогурт се едни од најконкурентните категории и со постојан раст на учесниците на пазарот.

-Брендовите на Битолска млекара се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач како резултат на долгогодишно искуство во производството, проследено со континуирано унапредување на квалитетот, подигнување на стандардите, модернизација на технолошките процеси и следење на потребите на потрошувачите, информираат од компанијата.

Истражувањето на Инсајдер ИД за препознатливоста на брендовите меѓу македонските граѓани се спроведува четири години по ред со што се следи динамиката и развојот на скалата на препознатливост.

Исто така, континуитетот на истражувањето дава и значаен увид во потрошувачките навики како и приврзаност на потрошувачите кон квалитетот на производот и вредностите кои ги претставува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ЕВН Македонија ја почна неделата на новогодишни донации

Редакција

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија заедно со младите креираат онлајн кампања за побезбеден интернет простор

Редакција

(Фото) Повеќе од 1.000 лалиња и книги од холандски автори за македонските здравствени работници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница