еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Кој сѐ го пречека унгарскиот премиер Орбан

Во Охрид вчера пристигна унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој со церемонија беше пречекан од премиерот Христијан Мицкоски и речиси цела Влада.

Орбан дојде во Македонија со делегација од унгарската Влада, а денеска ќе се одржи заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс Олгица.

Мицкоски ќе оствари официјална тет а тет средба со Орбан во премиерската вила, по што ќе има заедничка прес конференција.

Предвидена е и прошетка низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а свежо цвеќе премиерите на двете земји ќе положат на споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камион се преврте на терминалот кај Деве Баир: Колона товарни возила со часови заглавена на граничниот премин Ѓуешево во Бугарија

Редакција

Да и помогнеме на Дијана во нејзината битка со ретка болест

Редакција

Државниот завод за статистика купува автомобил за 16.500 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница