еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Иновативната метода за хирургија без рез, позната како иглеста фасциотомија повторно успешно е применета во Клиника Жан Митрев, информираат од таму.

Д-р Синоличка Џамбазова – специјалист ортопедски хирург, хирург за рака со примена на оваа метода трајно ги реши контрактурите на заглобовите и направи ослободување на тетивите предизвикани од Дипитренова болест во 4 стадиум.

Со ова на пациентот веќе наредниот ден му беше вратена комплетната подвижност и функција на раката.

Претходно кај овој пациент беше спроведена ваква процедура и на десната рака.

За процедурата иглеста фасциотомија д-р Џамбазова има добиено повеќе награди од кои последната беше Прва награда во светот за 2023 година. Оваа метода може да се примени и на други делови од телото како грб, стопало, лакт, колено, за решавање на најразлични патологии.

Клиниката Жан Митрев е еден од ретките центри во светот каде оваа техника се применува во најтешките стадиуми од болеста, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерот на ЛДП, Милевски најави дека ќе излезе од владината коалиција ако биде прифатен “францускиот предлог“

Редакција

Црвенковски: ЕУ нема јасен план што со себе, нема простор за надеж за забрзана евроинтеграција

Редакција

Една година по потпишувањето: Како влијаеше Договорот од Преспа на политичката сцена во Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница