еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Видео) Да помогнеме да се заврши храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“ во центарот на Скопје

Од Скопската епархија, при Македонската Православна Црква –  Охридска Архиепископија информираат дека во изминативе шест месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје.

Од таму велат дека се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.

-Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните  бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници, велат од Скопската епархија.

Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години.

Фото/видео: Скопска епархија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Редакција

Македонија од следна недела ќе издава „грин пас“ кој ќе содржи ковид-информации за тие што ќе патуваат

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Конфекцијата „Кули“ од Прилеп нуди бесплатна изработка на медицински маски за заштита

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница