еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Еден пожарникар е повреден при гаснење на пожар во магацин за производство на полиестер во гостиварско

Вчеравечер избил пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, во Општина Врапчиште, кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот магацин е делумно изгорен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гостивар од 00:45 часот интервенирала со 9 пожарникари и 3 противпожарни возила, а помош добиле и од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 противпожарно возило со кои интервенирале до 4 часот.

„Итната медицинска помош од Гостивар известува дека еден пожарникар при интервенцијата паднал од скали и се здобил со повреди поради што е однесен во Ургентниот центар во Клиничката Болница во Гостивар. Пожарот е локализиран во 05:30 часот, но сè уште има жар и чад поради што ТППЕ Гостивар сеуште се на терен“, соопштија од ЦУК.

Причините за настанување на пожарот не се познати.

Фото/видео: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Винарија Камник со нов производ: Првото македонско 100% Carménère

Редакција

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција

Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузното Ауди вредно 67 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница