еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Индија го нападна Пакистан: Нова војна на повидок?

Индија, според индиската армија, синоќа нападна девет локации во Пакистан и во спорниот регион Кашмир, при што според пакистанските власти се убиени најмалку 26 лица, а најмалку 46 се повредени.

Меѓу загинатите има и деца и жени.

Пакистан пак потврди дека имало напади на шест локации и дека соборил пет воени индиски авиони.

Пакистан возврати на нападите и според индиските власти се убиени најмалку шест лица, а се повредени најмалку 30.

Оваа е најсериозен вооружен конфликт помеѓу двете земји, кои имаат нуклеарно оружје, во последните 20 години.

Нападот следи по терористички напад во Кашмир пред неколку дена, за кој Индија го обвини Пакистан, кој демантираше инволвираност во истиот, а во кој загинаа 26 лица, главно индиски туристи.

Најголемиот дел од Кашмир е под управа на Пакистан, а со делови управуваат Индија и Кина.

Спорот за оваа територија помеѓу двете земји трае 80 години.

 

Фото/видео: Индиска армија/X

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преговарачката рамка нема да се ревидира, договорот со Бугарија да се почитува, порачаа бугарскиот премиер и претседател

Редакција

Се пролонгира отварањето на македонски културен центар во Благоевград

Редакција

МНР ги осуди инциденти пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница