еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) По повеќе од 15 месеци војна Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот

По повеќе од 15 месеци војна радикално исламистичката група Хамас и Израел се договорија за прекин на огнот. Договорот треба да стапи на сила во недела, а спроведувањето на истиот ќе го нагледуваат САД, Катар и Египет.

Договорот во првата фаза вклучува првичен шестнеделен прекин на огнот, постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа, за да можат раселените Палестинци да се вратат, ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и ослободување на палестински затвореници кои ги држи Израел.

Хамас и неговите сојузнички милитантни групи во првата фаза треба да ослободат 33 израелски заложници, а Израел стотина палестински затвореници.

Израел во првата фаза ќе задржи и тампон зона во Газа.

Војната започна на 7. октомври 2023 година откако Хамас и Исламскиот џихад го нападнаа Израел, при што според земјата, беа убиени 1.200 лица, а околу 250 беа киднапирани и однесени во Газа. Неколку од заложниците беа ослободени.

Во текот на војната, пак според податоци на палестинските власти, се убиени над 46.600 Палестинци, меѓу кои има многу деца и жени. Бројот на жртви најверојатно е многу поголем, бидејќи многу лица се водат за исчезнати.

Постигнувањето на договорот беше прославен на улиците на Газа и Израел.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во светот надмина 900 илјади

Редакција

Олбрајт: Трагедија е што Бугарија ја блокира Македонија, да се постави прашањето како таа ги исполнува обврските кон ЕУ

Редакција

Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снегот на Галичица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница