еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Водата во Струмица забранета за употреба, регистрирано зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем, информираа од таму.

АХВ добила известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот за јавно здравје – Струмица дека по извршените лабораториски тестирања било утврдено оти водата не е безбедна за употреба.

Регистрирано било зголемено присуство на манган и колиформни бактерии.

-На јавното претпријатие му е наложено да го информира месното население да не ја користи за пиење водата од градскиот водовод и да обезбеди питка вода за граѓаните, сè до обезбедување на безбедна вода во градскиот водоснабдителен систем, велат од таму.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Христина Оџаклиеска, заменик министерка за екологија

Редакција

Пи-ар тимот на Шилегов во елан: По „струјниот удар“, градоначалникот помага да се вдоми слатко кутре

Редакција

Убава вест: Оздравени 23 пациенти од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница