еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Аеродром, Гостивар и Сарај ќе има в.д. градоначалници до локалните избори

Во општините Аеродром, Гостивар и Сарај ќе има в.д. градоначалници до локалните избори.

Во македонското Собрание денеска со 83 гласа „за„ и 17 „против“ беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, кој го овозможува тоа.

За измените гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, коалицијата „Вреди„, но и пратеници на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, со што беше обезбеден и т.н. „голем бадантер“.

Со измените се предвидува в.д. градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината.

По парламентарните избори во земјата и изборот на министри и пратеници, в.д градоначалници има во општините Аеродром, Гостивар и Сарај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тестови за корона вирусот ќе се прават и во Битола

Редакција

Само Чаир, Аеродром и Гази Баба со по над 100 активни случаи со Ковид-19

Редакција

Анѓушев: Постапката на Антикорупциска за „Тополки“ ќе докаже дека се е законски и нема судир на интереси

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница