еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во гаснењето на пожарите, Владата побарала помош и од Србија, Црна Гора и Словенија

Во гаснењето на пожарите, Владата побарала помош и од Србија, Црна Гора и Словенија, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека авионите веќе работат на смирување на огнената стихија во атарот на Општина Ново Село, а хеликоптерот сега се упатува во неготинскиот крај на планината Серта.

„Бидејќи станува збор за непристапни региони во моментов друга поддршка освен воздухоплови не е потребна. Очекуваме помош и поддршка од Србија, Црна Гора, Словенија и цениме дека следните два дена ова ќе биде ставено под контрола,“ изјави Мицкоски.

Турција денеска испрати два ер трактори и хеликоптер за гаснењето на двата големи пожари на планината Серта и во околината на општина Ново Село.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна помош од Турција во гаснењето на пожарите

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи на пат за Луксембург: Независно каква ќе биде одлуката, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад

Редакција

(ФOTO) Пожарите во Прилеп оставија пустош

Редакција

Ковачевски ги информирал членовите на Владата за пристигнатиот нов француски предлог

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница