еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во Дубаи има 52 македонски фирми

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски вчера во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) имаше средба со претседателот и раководството на Стопанската комора на Дубаи, Султан бин Саид ал Мансури.

За средбата информираа и од Стопанската комора на Дубаи од каде меѓудругото споделија информација дека моментално во Дубаи има 52 македонски компании.

Пет од нив станале членки на Комората во првиот квартал од годинава.

Според податоци на Комората трговијата без нафта меѓу Дубаи и Македонија лани достигнала вредност од 52,2 милиони долари.

Македонија таму извезува електроника, облека, возила, машини, овошје и зеленчук.

Од Дубаи пак во Македонија се извезува електроника, медицински инструменти, играчки, спортска опрема, вештачки влакна, парфеми и козметика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Со кој се сретна Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати

Во македонската делегација се и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада, Игор Јанушев, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, националниот координатор за туризам, Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На покана на Шеикот, делегација предводена од Мицкоски во посета на Обединети Арапски Емирати

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа 6 нови случаи на Ковид-19 од 3.028 тестирања

Редакција

Што откри Викиликс: Зошто Хилари Клинтон му е лута на Асанж

Редакција

Лани 13.000 нови сиромашни во Македонија, 5.000 се деца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница