еМагазин
Image default
Бизнис

Во октомври Македонија ја посетиле 67 илјади странски туристи

Државниот завод за статистика соопшти дека во Македонија во октомври се евидентирани 94.165 туристи, од кои 27 илјади (28.9 %) биле домашни, а 67 илјади (71.1 %) странски туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187.272, од кои 36.7 % се од домашните, а 63.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските за 38.6 %.

Има раст и кај бројот на ноќевањата за 9.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските за 23.5 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за набавка на масло за домаќинство вреден 93.000 евра

Редакција

Во Република Српска забранет увоз на грозје од Македонија поради пестициди

Редакција

Цената на квадрат била од 1,2 до 299 евра: Државното градежно земјиште се продава по ниски цени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница