еМагазин
Image default
Забава

Во среда Ве чекаме на филмска вечер пред Рамстор Мол

Општина Центар и Рамстор мол ја продолжуваат соработката во насока на збогатување на културниот и социјалниот живот на граѓаните. Затоа оваа среда на 12. јуни со почеток од 19 часот организираме филмска вечер пред платото на Трговскиот центар Рамстор Мол.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и Рамстор Мол ги покануваат граѓаните на филмско дружење под отворено небо.

Ги покануваме граѓаните да ни се придружат. Влезот е слободен. Ќе има lazy bags и столчиња со капацитет до 150 места за седење. Кино Рамстор ќе го отвораме со два документарни филма од областа на екологијата „Текстилна планина“ и „Велосипедски приказни“, а по нив ќе биде прикажан филмот „Француски бакнеж“.

Ве очекуваме на филм, пуканки и добра забава со диџеј Alexandar Nk.

На 12. јуни, донесете го семејствто и пријателите на незаборавно искуство.

Проекциите на еко филмовите се дел од проектот „Младински активизам за позелени општини“ на Општина Центар, кој е поддржан од делегација на ЕУ, спроведен од Македонско здружение на млади правници, Go Green – Биди Зелен, Центар за климатски промени и Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Дуа Липа не и е лут само Балканот, ќе трпи ли нејзината кариера?

Редакција

(ВИДЕО) Лени Кравиц е „закон“: Се прошета низ Скопје и немаше проблем да застане и да се слика со секого

Редакција

(Видео) „Летечка“ сцена на новата турнеја на Џастин Тимберлејк

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница