еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Грипот зема замав, трипати поголем број на заболени во однос на минатата недела

Бројот на заразени со грип е зголемен за три пати во однос на претходната недела, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во текот на втората недела од јануари пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип.

Најмногу заболени има во Скопје (305), потоа Дебар (134), Куманово (118), Тетово и Гостивар (66), Кавадарци (62), а во останатите, бројот на заболени е помал од 50.

Во однос на возраста, од заболените 633 лица се на возраст од 15-64 години, потоа регистрирани се 179 случаи кај деца на возраст од 5-14 години, а 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протуѓер спаднал на ниски гранки, вели Груевски за неговото сведочење, а откри и дека имал здравствени проблеми поради загадениот воздух

Редакција

Кедев го искачи Макалу 8.485, неговиот девети врв над 8.000 метри надморска височина

Редакција

Од 15 ноември задолжително носење зимска опрема

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница