еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Дали убиството на 39-годишниот маж во Тетово е поврзано со претходното убиство пред тетовската болница

Убиството на 39-годишниот маж Р.Т. во Тетово, кој беше убиен од возило во движење е во фокусот на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиениот маж во Тетово имал 39 години, објавен е распис за апсење на неговиот убиец

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека по извршени разговори со неколку лица е издаден распис за апсење на можниот убиец.

Возилото на убиениот е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело е предадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Тетово убиен маж од возило во движење

Убиството се случи завчера на улицата “Штипска“ во близина на угостителски објект, а мажот беше убиен во возило во движење, марка мерцедес, додека бил во неговото возило марка БМВ.

Кој е мотивот за убиството?

Засега нема официјални детали за мотивот, но неофицијално најверојатно истото е поврзано со убиството пред тетовската болница во јануари, кое се случи поради вербална расправија.

Тогаш беше пукано во двајца браќа од тетовското село Гајре, од кои едниот почина од здобиените повреди.

Во април пак со автомат беше пукано во куќа на улицата „Илиниден“ во Тетово, што повторно беше поврзано со истото убиство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукањето во куќата во Тетово е поврзано со убиството и ранувањето на двајцата браќа пред тетовската болница?

Почина еден од браќата ранети во пукањето пред тетовската болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пожар во гаражата на Основниот суд во Струмица изгоре новиот автомобил на судот

Редакција

Мајка од Гостивар пријавила сексуално вознемирување врз малолетна ќерка

Редакција

Од 18 на осум години намалена казната затвор на велешанецот што усмрти 11-годишно девојче и избега

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница