еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Да им помогнеме на Клаудија, Матеј и Дамјан, додека нивниот татко се бори да си го поврати видот

Да помогнеме на семејството да го преброди периодот додека Ѓоко се бори за својот вид за да може да си ги гледа децата и заработува лебот, да помогнеме на семејството да добие свое скромно, но прописно живеалиште, со што семејството ќе излезе од маѓепсан круг на сиромаштија, се вели во апелот на ecrowd.mk.

„Ѓоко (36) од најрана возраст се соочувал со предизвици, живеејќи со својата самохрана мајка под кирија и борејќи се за егзистенција. Но, ова тешко детство го изградило како борец и работник, кој во секоја можност гледал начин да обезбеди подобра иднина.

Пред десет години ја запознава Христина од Прилеп, со која создава семејство и денес имаат три прекрасни деца – Дамјан, Матеј и Клаудија. Сепак, судбината сурово се поигрува со нив.

Во 2024 година, додека работел во странство, Ѓоко речиси целосно го губи видот. Не само што станува неспособен за работа, туку и целото семејство се наоѓа во безизлезна ситуација. Набргу потоа, на Христина ѝ се открива суспектна состојба на дојките, а на 15. декември била подложена на итна операција.

Семејството е беспомошно. И двајцата родители се неработоспособни, додека трошоците за живот се големи,“  се вели во апелот.

Може да донирате ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избрани 30 градоначалници во првиот круг: Детален преглед според 100% обработени податоци од ДИК

Редакција

Кој е Назим Буши, заменик министер во МВР, кој престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање чини 20 илјади евра

Редакција

Наскоро отвараме редакција во Македонија, вели за еМагазин, првиот човек на Блумберг Адрија, Само Ошина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница