Ана Радеска има само 16 години и храбро се бори со ретката болест Арнолд Киари. Единствената шанса за нормален живот е сложена операција на мозокот во Германија која чини 37 илјади евра, стои во апелот кој се споделува на социјалните мрежи.
Нашата поддршка може да ѝ подари иднина исполнета со надеж и среќа.
Да и’ помогнеме на Ана да победи!
Телефонските броеви за донации би требало да бидат активирани од утре, а во меѓувреме можете да помогнете преку жиро сметка на нејзината мајка или преку ecrowd.mk.
Доколку не сте во можност да донирате, споделете!